1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Исчезна поранешниот лекар на Навални

СН/агенции
10 мај 2021

Рускиот доктор, во чија клиника беше лекуван критичарот на Кремљ, Алексеј Навални директно по нападот со отров во минатата година, исчезна. Потрагата по него досега е без резултат.

Russland Omsk | Alexander Murachowski - Leitender Arzt des City Clinical Emergency Hospital
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Kryazhev

Исчезна сибирскиот лекар кој го лечеше рускиот опозиционер Алексеј Навални, откако му се слоши за време на летот во Русија минатата година, објави руската полиција во неделата.

Полицијата во регионот Омск, околу 2200 километри источно од Москва, објави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловечката база во шума во теренско возило и оттогаш не е виден.

Фотографија: Babuskinsky District Court Press Service via AP/picture alliance

Кон потрагата се придружија итни служби, дронови, хеликоптер и волонтери на терен.Мураховски е главен лекар во болницата во сибирски Омск во која се лечеше Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин. 

Повеќе:

-Навални штрајкува со глад

-ОН: Русија стои зад атентатот врз Навални

-Судот ја одби жалбата на Навални, пресудата потврдена

Мураховски потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.По напнати преговори со властите, Навални беше префрлен на лечење од Омск во Германија.

Лабораториските тестирања во три европски земји, кои ги потврди глобалниот орган за надзор на хемиско оружје, утврдија дека Навални е отруен со нервниот агенс Новичок. Кремљ повеќепати ги отфрли обвинувањата дека руските власти се обиделе да го убијат Навални.

Навални се наоѓа во затвор од февруари и тврди дека е обвинет поради измислени обвинувања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми