1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италијанската морнарица повторно спаси бегалци

AT/ дпа20 јули 2014

Италијанската морнарица спаси повеќе стотици бегалци, кои од Африка преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат во Европа. Меѓународната организација за миграција алармира дека повеќе од 200 бегалци се исчезнати.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Италијанската морнарица, според сопствени наводи, спасила нови 749 бегалци во Средоземното Море.

Истовремено Меѓународната организација за миграција викендов предупреди дека е можно стотици мигранти да се удавиле во морето. Имено, досега нема никаква трага од 240 Еритрејци, кои на крајот на јуни од Либија тргнале кон Европа преку морето, информира Организацијата за миграција.

Меѓу мигрантите кои беа спасени вчера според морнарицата биле и 100 жени, 61 дете и едно бебе. Во внатрешноста на бродот биле пронајдени и 18 мртви мигранти, додека еден патник починал кратко по спасувачката акција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми