1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИталија

Италијанскиот премиер Драги поднесе оставка

БГ /АП
14 јули 2022

Првиот човек на италијанската влада Марио Драги поднесе оставка на функцијата по судирот со коалициски партнер во владата. Шефот на државата Матарела експресно му ја одби.

Deutschland I G7-Gipfel auf Schloss Elmau in Garmisch-Partenkirchen I Mario Draghi
Фотографија: Filippo Attili Kruen/Chigi Palace Press Office/IMAGO

Италијанскиот претседател Серџо Матарела одби да ја прифати оставката на премиерот Марио Драги поднесена попладнево. Матарела му порача на Драги да разговара со пратениците и да се обиде да најде ново мнозинство во парламентот откако популистичкото движење Пет ѕвезди одби да ја поддржи владата за клучно гласање.

Во теорија, одбивањето на Матарела значи дека очекува од Драги да формира ново мнозинствоз, најверојатно без популистите кои започнаа отворен судир со премиерот од почетокот на руската агресија врз Украина. 

Доколку Драги не успее да пронајде ново мнозинство, Матарела може да го распушти парламентот и да закаже нови избори во септември. Мандатот на актуелниот парламент истекува пролетта 2023.

Драги се одлучи на оставка откако Движењето Пет ѕвезди не го поддржа гласањето за пакетот вреден 26 милијарди евра за помош на потрошувачите и индустријата поради растечките цени на енергенсите. 

Италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Марио ДрагиФотографија: Guglielmo Mangiapane/REUTERS

Широката владина коалиција беше формирана со цел да и помогне на Италија да се извлече од пандемијата на коронавирусот, и во неа вклучени партии од левицата и десницата.

„Компактноста беше основа за соочување со предизвиците овие месеци. Тие услови повеќе не постојат“, изјави Драги. 

Движењето Пет ѕвезди по влегувањето во владата загуби значителен дел од поддршката која продолжува да паѓа, според анкетите. Од движењето се жалат дека нивните интереси се игнорираат. Меѓу мерките на кои се спротивстави популистичкото движење е и можноста градот Рим да добие печка за палење на огромниот отпад кој го задушува главниот град.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми