1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Без „зелен пасош“ нема работа

СН/агенции
15 октомври 2021

Од денеска, секој вработен во Италија мора да докаже дека е вакциниран, оздравен или негативно тестиран на Ковид-19. Според анкетите, голем дел од населението ја поддржува оваа мерка. Но, има и противници.

Одлуката за задолжителен „зелен пасош“ на владата во Рим е поддржана од мнозинството Италијанци
Одлуката за задолжителен „зелен пасош“ на владата во Рим е поддржана од мнозинството ИталијанциФотографија: Getty Images/AFP/A. Pizzoli

Таканаречениот „зелен пасош“ од денеска е задолжителен на сите работни места во Италија, казната ако вработените го немаат чини и до 1.500 евра, а се стравува дека тоа најмногу би можело да има последици за работниците во транспортот и во пристаништата, каде стапките на вакцинација против Ковид-19 се релативно ниски.

Додека 46 милиони Италијанци постари од 12 години, што е над 85 отсто, примиле најмалку една ковид-вакцина, се проценува оти околу 2,5 милиони италијански работници сѐ уште не се вакцинирани.

„Зелен пасош“ досега беше задолжителен во затворените јавни простории, како и во училиштата и за патување, а од денес тоа важи и за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор, како и за оние кои работат од дома.

Италијанскиот „зелен пасош“Фотографија: Daiano Cristini/Avalon/picture alliance / Photoshot

Високи парични казни

Во случај ако некој од вработените не доаѓа на работа, бидејќи нема „зелен пасош“, ќе се смета за неоравдано отсуство, и тој вработен ќе остане без плата, иако не е предвидена дисциплинска мерка и лицето не може да биде отпуштено од работа.

Предвидени се и казни од 500 до 1.500 евра, доколку вработените дојдат на работа без овој документ.

Се очекува голем притисок во аптеките и останатите места во кои е можно тестирање за добивање „зелен пасош“, кои веќе почнаа да обезбедуваат потребни залихи на тестови.

Гласни и насилни противници

За да добијат „зелен пасош“ Италијанците мораат да бидат вакцинирани барем со една доза од вакцината или да заздравеле од коронавирусот во последните 6 месеци, а уште еден од условите е и да се тестираат негативно на секои 48 часа. Одлуката за задолжителен „зелен пасош“ генерално гледано е популарна, бидејќи две третини од Италијанците сметаат дека тој е потребен, според истражувањето кое го изврши неделава Ипсос.

Масовни протести против задолжителниот „зелен пасош“ во Рим во саботата на 9 октомври 2021,Фотографија: Cecillia Fabiano/AP Photo/picture alliance

Меѓутоа, одлуката има и противници, па така, по немирите во Рим и во Милано минатата сабота, во кои се судрија противниците на воведувањето на ковид-пасоши и припадниците на полицијата, беа уапсени 12 лица, а околу 30 беа приведени. За денеска се најавени нови демонстрации.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми