1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тројца уапсени за падот на кабината во Италија

Јерг Зајселберг
26 мај 2021

Три лица се уапсени во врска со падот на кабината од жичарницата во Италија, кој се случи пред два дена. Уапсени се вработени во фирмата која управува со жичарницата.

Italien Seilbahnunglück Piemont
Фотографија: Italian Police/AP/dpa/picture alliance

По несреќата со кабината од жичарницата во северна Италија, во која загинаа 14 луѓе, уапсени се три лица кои се обвинети за намерно исклучување на системот за кочење во итни случаи. Осомничени се шефот и двајца други високи претставници на фирмата која управува со жичарницата „Феровие дел Мотароне“, соопшти италијанската полиција. „Жичарницата имала проблем кој од страна на тимот воопшто не бил или бил само делумно отстранет“, изјави претставникот на карабињерите, Алберто Чикоњани за Радиотре, пренесуваат италијанските агенции.

Автоматизмот за кочење - деактивиран

Кочниците на кабината која се урна во текот на викендот, според сознанија на истрагата, не функционирале поради тоа што биле во функција т.н. метални вилушки. Тие вообичаено се употребуваат при сервисирање со цел да се деактивира автоматизмот за кочење. По завршувањето на поправките, меѓутоа, треба повторно да се отстранат за кочниците повторно да функционираат во итни случаи. Во кабината која се урна, според обвинителството, сѐ уште имало метални вилушки. Тие го блокирале кочењето. Поради тоа, откако се скинала сајлата, кабината се урнала во длабочина без кочење.

Фотографија: Soccorso Alpino e Speleologico Piemontese/dpa/picture alliance

Уверен дека „кабелот никогаш нема да се скине“

Шефот на фирмата и другите двајца уапсени, според наводи на Чикоњани, признале дека кочницата за итни случаи била намерно деактивирана. Обвинителката Олимпија Боси за италијанските медиуми изјави дека обвинетите знаеле дека ситуацијата е таква откако жичарницата почнала повторно да работи на 26 април. Системот за кочење бик исклучен со уверување „дека кабелот никогаш нема да се скине“.

При падот на кабината во Стреса, Лаго Маџоре, во неделата загинаа 14 луѓе, меѓу кои и петмина Израелци. Несреќата ја преживеа само едно петгодишно дете, кое е тешко повредено.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми