1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Италија и Шпанија - жаришта на коронавирусот во Европа

ЖА / агенции
31 март 2020

Знамињата во Италија на половина копје - солидарност со жртвите и исцрпеното здравство. Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа во Шпанија - 849, во земјата е воведен целосен карантин.

Coronavirus | Liebe | Paar | Italien
Фотографија: Reuters/C. de Luca

Знамињата во Италија денеска се на половина копје во знак на жалост поради жртвите од пандемијата на коронавирус. Ова е знак на солидарност со семејствата на илјадите починати, но и благодарност и солидарност со вработените во целосно преоптоварениот здравствен систем, соопшти денеска претставник на претседателот на земјата. Италијанскиот комунален сојуз Анчи освен тоа организираше акција на минута молк точно напладне. Италија со преку 100.000 регистрирани инфицирани со коронавирус е на второ место во светот, а според бројот на смртни случаи, е на прво место – досега се 11.500.

Повеќе:

Италија: Никој не е имун на тешките последици од коронавирусот

Коронавирус: Бундесверот пренесува болни Италијанци во Германија

Речиси 1.000 жртви од Ковид-19 во Италија во еден ден

И Шпанија ја надмина Кина по бројот на починати од Ковид-19

Знамињата се денеска на половина копја и во Ватикан, каде од Ковид-19 е заболен и првиот кардинал. Заменикот на папата Франциско за бискупијата Рим, Анџело Де Донатис се заразил со коравирус, јави ватканската медиумска платформа Ватиканњус. 66-годишниот кардинал има зголемена температура и се наоѓа во болница, но се чувствува добро, соопшти портпарол на бискупијата Рим. Папата Франциско во последно време немал контакти со заболениот кардинал. Во Ватикан веќе има неколку случаи на инфицирани со новиот вирус, но папата не е засегнат, соопшти официјален претставник на црковната држава.

Повторен скок на бројот инфицирани и мртви од коронавирус во ШпанијаФотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress

Во од коронавирусот тешко погодената Шпанија за 24 часа пак има 849 нови смртни случаи. Ова е досега највисоката бројка на жртви во еден ден, како што соопшти Министерството за здравство денеска во Мадрид. Со тоа веќе четврти ден по ред дневно во земјата умираат по повеќе од 800 луѓе, вкупно досега се 8190. И бројот на новоинфицирани исто така е пораснат и до денеска изнесува преку 94.000, повеќе од 9.000 повеќе од претходниот ден. На станиците за интензивна нега им се заканува целосен колапс. Истовремено, преку 2500 пациенти во текот на вчерашниот ден се отпуштени од болница по успешно завршеното лекување, вкупно заздравени по инфекцијата од коронавирус досега се речиси 20.000 лица. 

За да се справи со корона-кризата, владата на Шпанија од денеска воведе уште подрастични мерки за ограничување на движењето, речиси целосен карантин. Критичарите влеат дека „зимскиот сон“, како што во Мадрид се нарекуваат најновите владини мерки, ќе значи смрт за четвртата по големина економија во Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми