1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија како претседавач со ЕУ во борба против невработеноста на младите

СН/жа/афп/миа/дпа1 јули 2014

Италија денеска, согласно вообичаената ротација, го презеде претседателствувањето со Европската унија за половина година. Во овој период меѓу другото треба да биде избран и новиот состав на Европската комисија.

Фотографија: DW/V. Over

Италија денеска го презема ротациското претседателство со ЕУ, откако тоа во првите шест месеци од 2014 година и‘ беше доверено на Грција, наведуваат италијанските весници „Кориере дела сера“ и „Стампа“.

Во следните шест месеци премиерот Матео Ренци ќе го искористи италијанското претседателство со ЕУ за да ја мобилизира Унијата за борба против невработеноста кај младите, а ќе работи и на две други основни прашања битни за ЕУ - економскиот раст и проблематиката со нелегалната имиграција.

По повод преземањето на претседателството со Унијата, премиерот Ренци подвлече дека овие шест месеци Италија ќе се погрижи да ги убеди младите луѓе дека ЕУ е унија од држави во кои луѓето може да имаат надеж.

Италијанското претседателство со ЕУ ќе мине во знакот на штедење. Рим предвидува за него да потроши 68 милиони евра. Тоа е многу помалку во споредба со 170-те милиони, што Париз ги потроши за време на последното француско претседателство.

За време на италијанското претседателство со ЕУ ќе почне да заседава новиот Европски парламент и ќе се изберат водечките политички фигури во ЕУ - претседателот на ЕП, претседателот на Европскиот совет, претседателот на ЕК, првиот дипломат на ЕУ и европските комесари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми