1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија: помош околу бегалците или вето на буџетот на ЕУ

СН/ агенции
26 октомври 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци поради одбивањето на другите ЕУ-членки да прифаќаат бегалци се закани со вето на буџетот на ЕУ- и жестоко ги нападна Унгарија, Чешка и Словачка.

Matteo Renzi
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Singer

Италија смета дека не може самата да се справи со бранот бегалци и повторно апелираше за помош од останатите земји членки на ЕУ. Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека неговата земја нема да може уште една година да издржи сличен број на доселеници како годинава. Бранот на бегалци мора да биде запрен до март, апелираше Ренци.

Ренци во изјавата за телевизијата РАИ 1 истакна дека Италија во буџетот на ЕУ уплаќа 20 милијарди евра а назад добива 12 милијарди.

Ако тогаш се извлече поука од државите како Унгарија, Чешка и Словачка, кои отфрлаат распоредување на бегалците во целата Унија, тогаш  дозволете ѝ на Италија да каже дека системот  не функционира - изјави Ренци.

Ренци им се закани на источните членки на ЕУ

01:17

This browser does not support the video element.

Прашан дали тоа значи дека Италија е подготвена да стави вето на буџетот на ЕУ за 2017 година, Ренци кусо одговори: „Да, апсолутно“.

„Кој крева ѕидови против мигрантите, може слободно да заборави на италијанските пари. „Ако не може да поминуваат мигрантите, нема да поминуваат ни парите“, порача италијанскиот премиер.

Само меѓу петокот и неделата минатата недела италијанската крајбрежна стража од отворено море спаси 6000 луѓе. Досега годинава по морски пат во Италија веќе имаат пристигнато 155 илјади бегалци- колку што изнесуваше вкупниот број на мигранти во целата мината година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми