1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Урнатини и страв

СН /дпа,афп,ртр
28 октомври 2016

Земјотресите разурнаа цели места во средна Италија. Но речиси и да нема човечки жртви. Новата серија потреси во Италија е катастрофа и чудо во исто време.

Italien Erdbeben
Фотографија: Reuters/M. Rossi

Во средна Италија по тешкиот двоен земјотрес од средата вечер се случија уште повеќе од 500 потреси.

Некои планински села беа речиси целосно уништени од земјотресите. Со оглед дека многу куќи се урнаа или се под закана да се урнат, околу 5000 луѓе во моментов живеат во привремени сместувалишта. Италијанската влада додели 40 милиони евра итна помош за погодените подрачја. Покрај тоа вонредната состојба која е во сила уште од катастрофалниот земјотрес кој го погоди истиот италијански регион во август и во кој загинаа близу 300 луѓе е продолжена. Погодените на тој начин можат полесно да дојдат до итно неопходната помош. 

Погледнете ги снимките од дрон од најтешко погодените подрачја од земјотресите во средна Италија, каде и денеска интензивно продолжуваат работите на расчистување на урнатините:

Дрон-снимки од урнатините по земјотресите во средна Италија

01:09

This browser does not support the video element.

Инаку во земјотресите кои ја погодија средна Италија во средата вечер иако предизвикаа огромни материјални штети, немаше загинати. Со оглед дека за време на првиот земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала луѓето сѐ уште беа будни и веднаш ги напуштија своите домови, вториот уште посилен земјотрес со магнитуда од 6,1 го доживеаја на отворено. Според досегашните информации само едно постаро лице починало за време на земјотресите од инфаркт. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми