Италија протестира против реформата на пазарот на трудот
12 декември 2014Најголемите синдикати во Италија повикаа на штрајк. Заеднички тие сакаат да ја блокираат Италија. Штрајкуаваат јавните сообраќајни претпријатија, авионскиот сообраќај ќе биде блокиран, работата ќе се прекине и во администрацијата, болниците и училиштата, а ќе се штрајкува и на автопатиштата. Во целата земја ќе бидат организирани 54 демонстрации.
Протестите се насочени општо против реформскиот курс на владата на Матео Ренци и особено против реформите на пазарот на трудот. Мината недела парламентот во Рим усвои пакет закони, со кои се поттикнува вработувањето, но исто така се олеснува доделувањето на откази. Синдикатите бурно реагираа против овие решенија.
Но, тоа не е единствениот проблем што на пример Кармело Барбагало, генералниот секретар на сојузот на синдикати УИЛ го има со владата. „Ние бараме договори за државните службеници, пари за социјалните каси (...). Сакаме повоторно да започнеме со работа, не со декрет, туку преку јавни и приватни ивестиции“, бара синдикалецот.
Владата со декрет сака да спречи штрајк во железницата
Со декрет владата забрани да се одржи штрајк на железницата. Но, и таму може да дојде до масовни пречки во сообраќајот.
Засега е меѓутоа неизвесно колку Италијанци ќе учествуваат во штрајкот. Уште пред неколку недели синдикатите повикаа на генерален штрајк. Според податоците на дневниот весник „Кориере дела сера“ од почетокот на годината имало 1.300, најчесто помали штрајкови во целата земја, без притоа владата на Ренци да отстапи од својот реформски курс.
Најголем проблем на Италија останува слабото стопанство кое се наоѓа во најдолгата стагнација по војната, и повлекува висока невработеност, зголемување на сиромаштија и растечки државен дефицит. Премиерот Ренци постојано повторува дека порастот бил најважен за Италија. Генералниот штрајкот со сигурност нема да придонесе за тоа.