Земјотрес со јачина од 6,2 уништи повеќе планински места во централна Италија, оставајќи зад себе најмалку 18 жртви и десетици повредени и исчезнати. Спасувачките служби во трескавична потрага по преживеани и затрупани.
Реклама
Голем број домови се целосно уништени во областите каде што беше епицентарот на земјотресот, во регионите Марке, Умбрија и Лацио. Локалните жители и спасувачките служби се борат да ги спасат оние кои останаа затрупани под урнатините. Ова е најсилниот земјотрес во Италија од 2009 година, кога 300 луѓе загинаа во земјотресот кој го погоди градчето Аквила.
„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина село е исчезнато“.
Потресни фотографии од земјотресот во Италија
Додека спасувачките служби и граѓаните трескавично се обидуваат да ги извлечат затрупаните луѓе од под урнатините во италијанските градови погодени од земјотресот, се мобилизира помош и поддршка за настраданите.
Фотографија: Reuters/E. Grillotti
Жив е!
Еден човек утрово беше извлечен жив од под урнатините на една зграда во местото Аматриче.
Фотографија: Reuters/R. Casilli
Погодена централна Италија
Од земјотресот со јачина од 6,2 степени погоден е регионот на централна Италија. Силината на земјотресот ги разбудила и жителите на Рим, кој е оддалечен повеќе од 150 километри од епицентарот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/USGS
Масовно разурнување
Последиците од природната катастрофа се видливи насекаде. Многу жители ноќта и денот го минуваат на отворено.
Фотографија: Reuters/E. Grillotti
Половина место е исчезнато
„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина место е исчезнато“.
Фотографија: Reuters/R. Casilli
Најсилен земјотрес од 2009 година
Ова е најсилниот земјотрес во Италија од 2009 година, кога 300 луѓе загинаа во земјотресот кој го погоди градчето Аквила.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Илјадници останаа без дом
Според првичните проценки, илјадници луѓе останаа без своите домови. Проценките на економските штети допрва ќе се прават.
Фотографија: Reuters/E. Grillotti
Непристапни предели
Локалните власти се жалат дека помошта тешко пристигнува во погодените области поради големото разорување од земјотресот и непристапните предели. Се апелира за тешка машинерија и опрема за спасување.
Фотографија: Reuters/E. Grillotti
Аматриче
Живописното планинско место Аматриче е познато туристичко место и е мека за жителите на Рим кои сакаат да избегаат подалеку од летните жештини во метрополата. Засега нема информации за жртви меѓу туристите.
Фотографија: Reuters/E. Grillotti
8 фотографии1 | 8
Силината на земјотресот била почуствувана и во 150 километри оддалечениот Рим, каде претпладнево папата Франциско ја прекина утринската миса за да изрази сочувство до настраданите.