1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иѕборен молк во Косово

22 октомври 2004

На Косово денеска е изборен молк пред утрешните парламентарни избори, втори во покраината откако управата над неа, во 1999 година, ја презедоа Обединетите нации.

22 партии, шест коалиции и пет граѓански иницијативи пријавија вкупно 1300 кандидати за 100 пратенички места во косовскиот парламент. По принципот позитивна дискриминација, дваесет места во парламентот се резервирани за претставниците на српската заедница и другите малцинства во покраината.

Трите водечки албански партии на Косово, кои изминатите три години учествуваа во власта, синоќа ги одржаа завршните митинзи во рамките на изборната кампања што траеше еден месец. Косовскиот претседател и лидер на Демократскиот Сојуз на Косово, Ибрахим Ругова, на завршниот митинг во Приштина порача дека гласот на неговата партија ќе биде глас за иднината и независноста на покраината. Демократската Партија на Косово на Хашим Тачи се заложи за косовската евроатланска интеграција, а Алијансата за иднината на Косово вети дека покраината, под нивно раководство, ќе стане функционална држава.

Лидерите на косовските Срби и неколку граѓански ѕдруженија, и покрај повикот на српскиот претседател Борисав Тадиќ, најавија дека ќе ги бојкотираат изборите, затоа што не веруваат дека избраната влада ќе се заложи ѕа нивните граѓански права.

Западните дипломати ги повикаа граѓаните од сите заедници во покраината да го искористат своето демократско право и да излезат на гласање.

Иѕборниот молк, што почна денеска во 7 часот, 24 часа пред отворањето на гласачките места, ќе трае се до нивното затворање.

Право на глас на иѕборите имаат милион и 412 илјади иѕбирачи. Неофицијалните реѕултати утрешните косовски иѕбори ќе бидат објавени два дена по затворањето на гласачките места, односно в понеделник, а конечните реѕултати се очекуваат една недела потоа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми