1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Албанската православна црква против пописните резултати

Вера Тодоровска18 декември 2012

ААПЦ и официјално со став дека не ги признава резултатите од пописот на населението и процентот на православните верници, кој според Институот за статистика претставуваат 6,75 отсто од популацијата во Албанија.

Фотографија: DW/A. Topi

Албанската афтокефална православна црква смета дека овој процент е нереален и лажен, навредлив за православните, за христијаните и оти го замрачува целокупниот изглед на верските заедници во земјата.

Во сопштението за јавноста се наведува дека реализираниот метод за попис околу верската припадност ни најмалку не одговара на методите кои се применуваат при попис во европските земји. Црквата смета дека прашањето за верската припадност имало големи недостатоци и оти требало да биде прашање со задолжителен одговор.

Понатаму во соопштението стои дека во црквите на 9 и 16 декември спроведена била анкета меѓу верниците, при што од 7118 верници, 2469 одговориле дека биле посетени од попишувачите, додека останатите рекле дека никој не ги прашал за нивната верска припадност.

Соопштението Албанската афтокефална православна црква го завршува со одлуката за непризнавање на податоците за верската припадност на населението од пописот реализиран во октомври 2011. година. Црквата тврди дека дури 24 отсто од населението во Албанија е со православна веросиповед.

Албанската афтокфална црква, по падот на комунизмот, период во кој целосно беше забранета религијата во Албанија, ја раководи митрополитот Анастасиј Јанулатос. Во јануари 1991. година Цариградскиот патријарх го назначи Јанулатос за патријархиски егзарх во Албанија, а на 24 јуни 1992. година, Светиот синод на Албанската православна црква го избра за архиепископ на Тирана и на цела Албанија.

Пред Втората светска војна во земјата имало 354 цркви и 300 параклиси, 370 парохиски свештеници, 2 семинарии и 28 манастири. Кога владиката Анастасиј пристигнал во земјата, од свештениците живи биле само 15 и сите тие биле стари и болни. Во земјата не постоел ниту еден манастир, а повеќето од црквите разрушени и оштетени. Денес сликата е многу поразлична, има неколку стотици свештеници и ѓакони, оживеани се повеќе манастири, изградени се деведесетина нови цркви, исто толку се возобновени а над 150 се санирани, има Богословско училиште а на албански јазик е превдена и библијата.

Деновиве преставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство во Тирана потпишаа Декларација против официјалните резултати од Пописот 2011.

„Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските преставници", стои меѓу другото во декларацијата, која е доставена до сите државни и меѓународни институции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми