1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Бајерн и Борусија се победници во економска смисла

Дирк Кауфман/ Симе Недевски25 мај 2013

Борусија од Дортмунд против Бајерн од Минхен во финалето на Лигата на шампиони: сон за германскиот фудбал. Германските фудбалски клубови се успешни, и тоа не само спортски туку и на економски план.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Борусија и Бајерн се победници и пред финалниот меч во Лигата на шампионите - економски гледано. Хенинг Фепел, кој во Хамбуршкиот Институт за меѓународна економија се занимава со професионалниот спорт, знае точно за која сума се работи: „Премијата за учество во Лигата на шампиони од 8,6 милиони евра и секако, тука се и премиите за секоја победа. Победникот може да смета на околу 60 милиони евра.“

Ни губитникот не добива многу помалку. Дали Дортмунд ќе победи или изгуби, Фепел вели дека финансиски погледанатоо навистина не е важно: „Се очекува оваа сезона Дортмунд да има приходи како и Баварците.“

Сепак, никој не треба да верува оти Борусија со тоа и инаку во финансиска смисла се изедначила со Бајерн вели Саша Шмит, економист во Европската бизнис шлола (ЕБС). Хенинг Фепел се сложува и додава: „Само со споредување на буџетите за играчите кои имаат договор, Бајерн има 125, а Дортмунд околу 50 милиони на располагање.“

Покрај тоа, кадарот на Бајерн Минхен има пазарна вредност од околу 430 милиони евра, а оној на Дортмунд - 254 милиона. Борусија својата клупска ТВ програма ја продава во 12, а Баварците во дури 90 земји.

Растат и приходите во Бундеслигата

Финалето за двата тима е голема работа, спортски и финансиски. Но што е со Бундеслигата? Имаат ли останите 16 клуба некоја полза од ова финале? Секако, овој натпревар има огромен рекламен ефект за целата лига, бидејќи растат цените за продавање на ТВ правата за сите клубови. Централниот маркетинг на телевизиски права во Бундеслигата обезбедува сите клубови да добијат дел од колачот.

Иако поголемиот дел од приходите доаѓа од телевизиските права, спонзорствата и премиите, продажбата на клубски сувенири од секаков вид стануваат се' позначајни. А купувачи, односно навивачи, во случајот на ова европско финале не се само верните фанови на Борусија и на Бајерн. Навивачите исто така станаа меѓународни: дресови, шалови и постелнини во клупските бои на Бајерн, Борусија и други германски екипи се продаваат ширум светот.

Навивачи без граници

Саша Шмит на Европската бизнис школа во Лондон го истражувал модерниот навивач. Во текот на една студија наишол на „глобализиран“ навивач: „Ги викаме навивачи без граници. Тоа е стандардна практика навивачите да не го следат само својот омилен домашен тим, туку имаат и фаворит во странство.“ Шмит вели дека само во Европа има околу 41 милион т.н. навивачи без граници. Во просек, секој од нив троши околу 860 евра по сезона. Лондонското финале поголем економски ефект за германските клубови Борусија Дортмунд и Бајерн ќе има во другите европски земји, отколку во Германија. Ќе се пренесува во 209 земји, а најголемо интересирање има во Азија така што двата клуба имаат шанса да ги освојат срцата на „навивачите без граници“ од Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Индија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми