1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

И вакцината на Модерна влегува во програмата Ковакс

СН/агенции
1 мај 2021

Светската здравствена организација ја одобри вакцината против коронавирусот на Модерна за итна употреба. Со тоа дози на оваа вакцина можат да им се доставуваат на земјите од програмата Ковакс, поддржана од ОН.

Deutschland Stuttgart | Coronavirus | Moderna Impfstoff
Фотографија: Markus Mainka/dpa/picture-alliance

Светската здравствена организација ја стави вакцината на фармацевтската компанија Модерна на листата на вакцини за итна употреба против Ковид-19 како петти препарат кој има дозвола од СЗО, што би требало да го забрза процесот за одобрување во националните агенции за контрола на лекови.

Со тоа дози на вакцината на американската биотехнолошка компанија можат да им се доставуваат на земјите, кои се приклучија кон програмата Ковакс, поддржана од ОН. Оваа програма има за цел да обезбеди вакцини во прв ред за посиромашните земји. 

Во извештајот на СЗО се наведува дека цел е лековите, вакцините и дијагностичките средства да се направат подостапни во што покус рок.

Повеќе:

-Клинички се тестираат над 50 вакцини против Ковид

-Познати плановите - на кои вакцини ќе се потпира ЕУ во иднина

-Дали е доволна само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна?

Модерна неделава најави план за проширување на својата производствена мрежа за да ги зголеми своите капацитети на три милијарди дози во 2022 година.

Во разгледување и кинеските вакцини

Помошничката на генералниот директор на СЗО, Марианјела Симао, изјави дека е важно да се има на располагање повеќе вакцини поради проблемите со снабдувањето и со доцнењето на испораките на другите производители на вакцини.

Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го запре извозот поради преголемото распламтување на епидемијата во земјата.

СЗО сѐ уште разгледува дали да ги одобри и кинеските вакцини Синофарм и Синовак, а одлуката е најавена до крајот на наредната недела.

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми