1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Вардар директно во групите на Лига на шампионите

СН/ам/миа20 јуни 2014

Втора сезона по ред Македонија ќе има две екипи во групната фаза од европската ракометна Лига на шампиони. Покрај шампионот Металург, право за настап во групите преку „вајлд карта“ доби и Вардар.

Фотографија: Joern Pollex/Bongarts/Getty Images

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар доби право директно да се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ поднесоа барање до ЕХФ (Европска ракометна федерација) откако се знаеше дека Македонија има само едно место во Лигата на шампионите (првакот Металург).

ЕХФ го прифати барањето за „вајлд карта“ за Вардар, а одлуката е донесена врз основа на: квалутетот на клубот, финансиската моќ, интересот кај публиката, ТВ–покриеност.

Покрај Вардар уште пет екипи ја добија оваа шанса за директен настап во групите. Тоа се: ПИК Сегед, Висла, Алборг, ПСЖ и Монпеље.

Во групната фаза вкупно 21 екипа имаат изборено пласман, а другите 12 ќе играат квалификации (три турнир како фајнл фор завршница) со што ќе биде комплетирана бројката од 24 екипи.

Втора сезона по ред Македонија ќе има две екипи во групната фаза од Лигата на шампионите. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 27 јуни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми