1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Венизелос се откажа - нема нова грчка влада

Александар Методијев/ројтерс/миа12 мај 2012

Лидерот на грчките социјалисти Евангелос Венизелос денеска стана третиот политичар во земјата што во рок од една недела се откажа од формирање влада. Претседателот Каролос Папуљас во обид да избегне нови избори во Грција

Фотографија: dapd

Грчката политичка сцена е во конфузија, откако гласачите пред една недела ги казнија партиите кои го поддржуваа планот за спас на економијата во земјата. Недоволниот број освоени места од одделни партии доведе до тоа земјата да е без влада, а следната транша од финансиската помош да биде неизвесна. Без таа помош земјата се соочува со банкрот за неколку недели и излез од еврозоната.

Венизелос, кој со европските лидери лично преговараше за пакетот помош, беше третиот лидер на партија што се обиде и не успеа да формира влада оваа недела, откако тоа го сторија и лидерите на Неа демократија и СИРИЗА. Венизелос се обиде повторно да ја формира широката коалиција што го поддржува планот за помош, но му недостасуваа само две пратенички места за да има мнозинство во грчкиот парламент.

Каролос Папуљас ќе има состанок со сите лидери на партиите во парламентот

Можноста на Венизелос да формира влада пропадна откако Коалицијата на радикалната левица - СИРИЗА одби да учествува во неговиот евентуален кабинет. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по синќашната средба со Венизелос изјави дека нема да учествува во ниту една влада која ќе работи на спроведување на строгите економски мерки за штедење наметнати од странските кредитори, оценувајќи ги како многу сурови.

Венизелос денеска треба да се сретне со претседателот Каролос Папуљас за официјално да се откаже од мандатот. Потоа, претседателот ќе има тешка задача – треба да се сретне со сите партии што освоија пратенички места, а тоа значи и комунистите и екстремно-десничарската Златна зора, за да види дали би можела да се формира владина коалиција. Тој процес може да потрае со денови, а аналитичарите сметаат дека најверојатно е сценариото нови избори да се одржат во средината на јуни. Тие ќе ги замрзнат шансите на Грција да го избегне банкротот, а на лидерот на СИРИЗА, екс-комунистот Ципрас се претпоставува дека ќе му донесат поголем број освоени гласови, со што неговата коалиција би била првопласирана на новите избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми