1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И „Гугл“ треба да заборави

АТ/ дпа/ афп/ртр/ епд13 мај 2014

Едни прават сѐ за да бидат пронајдени на интернет. Други сакаат „Гугл“ да ги заборави - и тоа со право, одлучи Европскиот суд во Луксембург. Тужба поднесе еден Шпанец, чие име на „Гугл“ се појавувало поврзано со долгови.

Фотографија: dapd

Граѓаните на Европската унија треба да имаат право да „бидат заборавени“ на интернет. Европскиот суд во Луксембург донесе одлука дека управувачите со машините за пребарување како „Гугл“ на барање се обврзани да избиршат од индексот за пребарување чувствителни лични податоци.

Европскиот суд во Луксембург образложи дека доколку во интернет машината за пребарување се внесе име, корисниците може да добијат опсежна слика за една личност. Резултатите од пребарувањето не се ништо друго туку резултат на една преработка на податоци поврзани за една личност. Според европското право во ваков случај се бара избалансираност меѓу интересите на корисниците и оние на погодените личности.

Пред Европскиот суд во Луксембург тужба поднесе еден Шпанец, чие име на „Гугл“ се појавувало поврзано со долгови, кои ги имал пред 15 години и принудна продажба на неговата куќа.

Европското право за заштита на податоци датира од пред-интернет ерата

ЕУ правото за заштита на податоци, кое досега е во сила, потекнува од 1990 година. Европскиот парламент веќе усвои измени и дополнувања на законот, за што согласност треба да дадат и владите на поединечните држави. „Крајно време е да го актуализираме законодавството“, рече ЕУ комесарката за правада Вивиен Рединг за радиото „Дојчландфунк“. Таа исто така се заложи за тоа информациите да можат да бидат избришани, доколку тоа го бараат граѓаните. „Кој може да меморира, може и да брише“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми