1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Исус е Македонец - нова провокација од Софија

ДТЗ /ДВ
24 декември 2020

Додека шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во отчет пред пратениците изнесе оптимистички најави за разговорите со Бугарија, Каракачанов возврати со нова провокација од Софија.  

Bulgarien Verteidigungsminister Krasimir Karakachanov
Каракачанов тврди дека Софија не ѝ ставила вето на Северна Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјата ќе се подобриФотографија: BGNES

Министерот за надворешни работи Бујар Османи како прв приоритет во неговиот мандат ги поставил добрососедските односи. Иако, гледано од денешен агол и однесувањето на соседна Бугарија, оваа амбиција делува утопистички и неостварлива, шефот на дипломатијата е уверен дека не е се' така црно. Тој очекува да продолжат разговорите со Бугарија се' до постигнување на компромисно решение. „Целта е да го преминеме скалилото на добрососедство и да ги отвориме можностите за длабоко и долгорочно пријателство со сите наши соседи“, порача Османи, давајќи отчет за својата работа пред Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Црвена линија

Оваа тема, според него, не е затворена, и за неа веројатно ќе се разговара и во иднина, но она што сега е важно е што нерешените прашања со Бугарија директно го предизвикаа неуспехот на Советот на ЕУ да ја утврди содржината на преговарачката рамка, како и заклучоците за проширувањето на Западен Балкан.

„Не случајно мојата прва официјална посета беше токму во Софија, и оттогаш наваму комуникацијата меѓу двете држави постојано се интензивира на повеќе нивоа. Беа разменети бројни документи како креативна можност да се најде компромис кој ќе врати довербата во процесот, без да предизвика нарушување на идентитетските атрибути на македонскиот народ, македонскиот јазик“, вели Османи. Оваа црвена линија не само што никогаш не ја преминале, туку Османи тврди, под целосна одговорност, дека за овие прашања никогаш не ни преговарале.

Османи го пофали германското претседателство, за кое рече дека до последен момент „се бореше за оформување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија“. 

- повеќе на темата: Крихбаум: Ова што го прави Бугарија е крајно опасно

Османи: Не треба да не' обзема апатија, песимизам, ниту некаков дефетизамФотографија: DW/Petr Stojanovski

„Фокусот во моментов е секако на Бугарија. Сѐ уште најдобрата опција останува со добра волја да се интензивира спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и враќање на довербата од страна на Бугарија во неговата ефикасност и имплементација“, вели Османи. И покрај моменталните предизвици во билатералните односи, во фокусот на соработката во наредниот период ќе биде продолжувањето на политичките консултации меѓу двете министерства, зачестени официјални посети и средби на високо и највисоко ниво.

- повеќе на темата: Заев до Каракачанов: Не сме легнале во 1943 година како Бугари, за потоа да се разбудиме како Македонци

Во овој процес, додава Османи, Северна Македонија ќе мора да најде начин да се ослободи од наметнатите наративи на некои минати сојузи во кои биле двете држави, за да ги ослободи новите генерации кои треба да живеат во новите заеднички сојузи под капата на НАТО и ЕУ. Според него, стратешкото партнерство со САД претставува еден од најважните столбови на македонската дипломатија, како нераскинлив дел од севкупната државна стратегија.

ЕУ згреши

„Ние сторивме сѐ што треба, доволно сме подготвени и одложувањето на почетокот на преговорите беше грешка на самата Унија. И затоа не треба да не' обзема апатија, песимизам, ниту некаков дефетизам. Процесот на одлучување во Унијата е сложен, со консензус, и ние на тоа мора да се навикнеме“, рече министерот за надворешни работи пред пратениците. Најважен приоритет и за идната година останува членството во ЕУ.

- повеќе на темата: Власта и опозицијата со различни ставови за Договорот со Софија

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ запраша кој ќе ја сноси политичката одговорност за тоа што Северна Македонија не доби ниту преговарачка рамка ниту датум за преговори.„Нема ниту заклучоци за жал, ниту преговарачка рамка, уште помалку датум за почеток на првата меѓувладина конференција. Моето прашање е, кој ја носи политичката одговорност за ваквиот неуспех“, праша Милошоски.

И Исус е Македонец

„Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатор. Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе“, вели бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во интервју за ТВ БНТ, што се толкува како најнова провокација од Софија.

-повеќе на темата: Детрез: Нема ништо спорно во тоа бугарската окупација на Македонија да се нарекува фашистичка

Тој додава дека Софија не ѝ ставила вето на Северна Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјата ќе се подобри. Исто така, Каракачанов додава дека на крајот ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. „Тука од југословенско време населението се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци и Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Сè друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатор“, вели Каракачанов.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми