1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И коњите на удар на економската криза

Н. Штригел/ Ж. Ацеска 6 декември 2014

Тие се португалска гордост, една од најубавите раси на коњи во светот. Нивното одгледување почнало во Средниот век, ги користеле во војни и во коридата, а денес Луситано-коњите се меѓу најбараните и најскапи во светот.

Spanien Tierschutz CYD Santamaria
Фотографија: CYD Santamaría

Мануел Жорже Мартинс де Оливеира е еден од најпознатите џокеи во Португалија, залуден по коњите. Тој е и најпознат одгледувач на португалската благородна раса на коњи Луситано. Неговиот пастув Сабио на пазарот вреди 60.000 евра.

„Ние Португалците сме многу горди на нашите Луситано-коњи. Тие се визит карта на една стара култура, тие се многу важни и за нашата економија исто така.“

Но, португалските традиционални коњи постепено се менуваат. Порано биле користени во борби со бикови, денес одгледувачите им ја прилагодуваат големината и одот за меѓународни натпревари во дресура. Оливеира не е воодушевен од тоа.

„Штета е што е така. Изворно, коњите од оваа раса се многу подвижни, поситни. Но, натпреварите бараат поголеми коњи. Според мое гледање тоа и‘ штети на расата“, вели Мануел Жорже Мартинс де Оливеира.

Регионот Рибатежо во внатрешноста зад Лисабон е главно земјоделски. Овде е незамисливо без прочуените Луситаноси. Еднаш годишно, наесен, во инаку мирното селце Гулга владее вонредна состојба - тогаш се среќаваат одгледувачите на коњи од цела Португалија.

Националниот саем на коњи е магнет за посетителите. Овде гордо се покажува традицијата. Дури иако ниеден коњ веќе не личи на прарасата Луситано, малата Гулга станува центар на португалскиот свет на коњите.

Гончало Лордосо, трговец со коњи, истакнува: „Доаѓаат луѓе од сите земји за да ги видат нашите коњи. Затоа секоја година сме овде“.

Она што многумина посетители не го гледаат, е дека се одгледуваат премногу коњи. А оние коњи за кои нема да се најде купувач, често се препуштени сами на себе.

За едно ждребе никој не се грижел, па Шерон Кларк го земала кај себе. Англичанката од прифатната станица за коњи ги згрижува напуштените коњи, ги префрла во Англија, Германија или Франција. Со пари од донации овде се згрижени 150 коњи.

Фотографија: CYD Santamaría

„Многу коњи се препуштени сами на себе. На португалското стопанство лошо му оди, а за коњ требаат пари. Моментно многумина веќе не можат да ги издржуваат: треба пари за сено, храна, ветеринар. Затоа толку многу коњи се оставени сами на себе, додека да умрат“, вели таа.

А некои завршуваат дури и во кланица. Оваа ливада е местото каде коњите се чуваат пред да бидат одведени на колење - на Шерон тоа и’ е познато. Оваа кобила, стара околу седум години, е многу питома. Некогаш мора да била во добри раце, верува Шерон.

„Тешко е. Таа е толку убав коњ. Тоа е загуба, едноставно, не би смеело да се случува. Би сакала сите да ги спасам, но сама не можам тоа да го постигнам.

Во тек на една година во кланица завршуваат речиси три илјади коњи; практично, тие се вишокот. Белармино Фигуередо живее од препродажба на отфрлените коњи. Заработува до сто евра од коњ.

Белармино Фигуередо, препродавач на коњи, објаснува: „Постои систем: луѓето одгледуваат коњи, а потоа не можат веќе да ги издржуваат. Тогаш ме викаат мене за да се ослободат од нив. Јас одам таму, разговараме за цената и за документите, кои се многу важни. Зашто, секој коњ треба да има микрочип, инаку кланицата не го прима.“

За коњи за дресурно јавање, кои ќе бидат продадени на саемот во Гулга, трговците во меѓувреме бараат најчесто астрономски цени. На одгледувачот Мануел Жорже Мартинс де Оливеира не му е многу до славење.

„Порано тоа беше страст. Одевме на пазарот во Гулга за гордо да покажеме колку добро дресиран коњ имаме. Сега во прв план се парите, продажбата. Менталитетот се промени.“

Оливеира и натаму останува приврзеник на вистински луситаноси, кои сам ги одгледува. Тој уште верува во речиси заборавените португалски традиции. За бестрашните морепловци или смелите борци со бикови - за сите нив коњите секогаш играле важна улога.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми