Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер пред неколку дена објави дека согласно препораките за заштита од коронавирусот одлучил повеќе да не се ракува со никого. Зехофер остана доследен на својата одлука дури кога и рака му пружи неговата шефица- германската канцеларка Ангела Меркел.