1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И на Гугл руски политички реклами за изборите во САД

ЖА
10 октомври 2017

По Фејсбук и Твитер, сега и на Гугл е откриено постоење руски финансирани содржини поврзани со претседателските избори во САД.

Google logo on office building in Irvine, California
Фотографија: Reuters/M. Blake

Весникот „Вашингтон пост“ пренесува дека десетици илјади долари биле потрошени за рекламни содржини чија цел биле „дезинформации“. Засегнати биле меѓу другото видео-платформата Јутјуб, пребарувачот Гугл и е-меил понудата на Џи меил.

Посебна тежина има откритието дека рекламите стигнувале од други извори од оние кај Фејсбук и Твитер, пишува весникот. Тоа навестува дека активностите за кои се сомничи Русија, биле на многу поширока основа отколку што досега беше познато. 

Интернет-концернот Гугл во својата прва реакција не даде директен одговор на информациите, но ги истакна своите строги правила за политичка реклама и постоењето забрана за целно пласирање на реклами со етничка и религиозна содржина. Притоа, од концернот потенцираат дека се води истрага околу обидите за злоупотреба на системите.

Социјалните мрежи Фејсбуки Твитер веќе соопштија дека откриле содржини финансирани од руски извори. Американскиот Конгрес упати покана за сослушување до двата интернет-концерни за 1. ноември. Дали ним ќе им се придружи и Гугл, засега не е познато.

Конгресот и американското правосудство водат истрага околу евентуалната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во минатата година. Постои сомнеж дека за таа цел биле користени социјалните мрежи и интернет-платформи. Кремљ постојано негира дека му помогнал на Доналд Трамп на било каков начин во победата на претседателските избори во САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми