1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

И официјално потврдено: Груевски е во Унгарија!

13 ноември 2018

По потврдата од унгарските власти, МВР ќе распише меѓународна потерница за Груевски, а извори од власта најавуваат дека ќе ги преземат сите мерки тој да биде вратен во Македонија на издржување на затворската казна.

Mazedonien Nikola Gruevski, ehemaliger Regierungschef
Фотографија: picture-alliance/Pixsell/HaloPix

Македонското МВР побарало и добило потврда од унгарското МВР дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил, дознава Дојче веле. По ваквата потврда се очекува МВР да распише меѓународна потерница за Никола Груевски.

Според аналитичари со кои разговараше ДВ, од земја членка ЕУ како што е Унгарија се очекува да не заштитува и не станува засолниште на лица осудени за криминал, кои направиле штета на граѓаните на Македонија. Во тој контекст се очекува македонските надлежни органи да им предочат на унгарските власти и дека врз Груевски немало никакви закани за живот, како што тој објави на Фејсбук, напротив - дека имал редовно шестчлено обезбедување од припадници на МВР и досега немал никакви закани за неговата безбедност.

Фотографија: Facebook/Nikola Gruevski

Дознаваме дека полициското обезбедување последен пат му било на услуга вечерта на 8-ми ноември. Утрото на 9-ти ноември тој лично ги известил дека нема да има потреба од нив, со цел во текот на денот да се стават на располагање за други работни обврски во полицијата. Тој датум се смета и за ден кога ја напуштил државата, најверојатно преку нелегален премин и со добро организирана логистика од Македонија преку соседна Србија до Унгарија.

Повеќе:

-Како Груевски стигна до прегратката на Орбан?

Извори од власта најенергично ги демантираат шпекулациите дека можеби станува збор за наводен политички договор со Груевски. Најавуваат дека ќе ги преземат сите мерки за Груевски да биде вратен во Македонија на издржување на затворската казна, и дека за таа цел ќе ги алармираат сите европски институции. 

Фотографија: MIA

„Бегството на Груевски е доказ дека тој ги признава криминалите и злоделата врз граѓаните и државата. Ова е доказ дека тој и неговите соработници ја носат најголемата одговорност за состојбата во која се наоѓа Република Македонија“, велат извори од власта, додавајќи дека „Груевски со овој чин паднал на најниско можно ниво и не собрал храброст да се соочи со казната за сопствените злодела“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми