1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Рот со исправка: Македонци, а не „северномакедонци“

БГ
29 јуни 2018

Германскиот државен министер Михаел Рот во вчерашното интервју за Дојче Веле го употреби терминот „северномакедонски“ пријатели, но веднаш потоа и се исправи.

DW Interview - Staatsminister für Europa Michael Roth
Фотографија: DW/

Една реченица од вчерашното интервју со државниот министер во германското МНР, Михаел Рот предизвика нови реакции во македонската јавност. Слично како и во писмото за поддршка на групата европратеници предводени од Кнут Флекенштајн на средината на неделава, и Рот ги нарече Македонците - „северномакедонци“, но набрзо потоа и тој се исправи.

„Албанија и Македонија направија голем чекор напред на патот кон ЕУ и нашите северномакедонски и албански пријатели можат да бидат многу горди на тоа“, рече Рот во разговорот.

Неколку часа по објавувањето на интервјуто од кабинетот на Рот нѐ информираа дека била во прашање грешка која треба да се исправи и наместо „северномакедонски" да се наведе „македонски“...

Овде целото интервју со Михаел Рот:

Михаел Рот: Отворивме јасна перспектива за пристапување во ЕУ

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми