1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

И Русија и Кина ги отфрлаат обвинувањата за хакерски напади

СН/агенции
21 декември 2020

По рафинираните сајбер напади врз министерства и компании во САД,шефот на американската дипломатија Помпео прстот го впери кон Русија, додека претседателот Трамп кон Кина. И Москва и Пекинг ги отфрлаат обвинувањата.

Trojaner Trojanisches Pferd
Фотографија: Alexander Limbach/Zoonar/picture alliance

Москва не е вмешана во хакерските напади на американските владини тела и компании, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитири Песков. „Русија не е вмешана во такви напади, ниту во овој. Ова го тврдиме официјално и цврсто“, нагласи Песков.

Според зборовите на портпарлот на Кремљ, какви било обвинувања за вмешаност на Русија се апсолутно неосновани и веројатно ќе има продолжување на слепата русофобија која се користи во случај на кој било инцидент. Песков забележа дека расправата за хакерските напади е во пораст во САД, бидејќи тие станаа жртва на овој хакерски напад. „Дефинитивно, оваа дискусија нема никаква врска со нас“, потенцира тој.

Фотографија: SolarWinds

Кина пак ги критикуваше наводите на американскиот преседател, Доналд Трамп, дека зад сајбер нападите на САД стојат кинески, а не руски хакери.

Повеќе:

-Помпео: Зад сајбер нападите врз САД стои Русија

-Хакерски напади врз американски министерства

Претседателот на САД,  во саботата рече дека зад хакерскиот напад поверојатно стои Кина отколку Русија, иако државниот секретар Мајк Помпео претходно изјави дека нема многу сомнежи оти зад хакерскиот напад стои Русија.

Кинеското министерство за надворешни работи, соопшти дека Кина е против сајбер шпионажата и оти го сузбива сајбер криминалот. „САД го политизираа прашањето за сајбер безбедноста без конечни докази и континуирано ширеа лажни информации, обвинувајќи ја Кина во обид да го нарушат имиџот на Кина“, изјави портпаролот на министерството, Ванг Венбин.

Фотографија: Bernd Feil/M.i.S./imago images

Кина, заедно со САД и со Русија, се смета за една од најнапредните влади во сајбер развојот.Тимот на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ќе разгледа неколку опции да ја казни Русија поради наводната вмешаност во хакирањето на американските владини агенции и компании кога Бајден ќе ја преземе должноста.  Меѓу можните опции се оние од финансиски санкции до сајбер напади на руската инфраструктура, пишува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на упатени извори. Ројтерс наведува дека кризата околу инфилтрирањето во компјутерските мрежи на сојузните агенции ќе биде на врвот на агендата на Бајден кога на 20 јануари 2021 година ќе ја преземе должноста претседател на САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми