1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавгата околу реформата во ОН и прислушувањето во Германија

28 јули 2005

Актуелната дискусија околу реформите на Он и обвиненијата на италијанскиот амбасадор дека Германија, браѕил Индија и Јапонија вршат финансиски притисок на африканските држави, се главни теми во денешниот германски печат. Весниците ја коментираат и одлуката на уставниот суд, кој пресече дека неодамна донесениот закон за прислушување не е во согласност со германските уставни норми.

Фотографија: DW

Колумнистот на Ноје Пресе се занимава со спорот околу реформите во ОН:

,, Не ли министерот за надворешпни работи Јошка Фишер рече дека членството во СБ на ОН во суштина не е германски, туку европски интерес? Меѓутоа, владата во Рим не верува во тоа. Италија, покрај Франција, Велика Британија и Германија отсекогаш за себе барала четврто место во групата најмоќни држави на Еу- како поради бројот на населението, економската јачина, така и поради својот ангажман во бројни воени акции ширум светот.

Затоа логично е што Рим не ја прифаќа формулата по која Италија би останала надвор, а останатите три групи би биле во СБ на Светската Организација„ наведува Ноје Пресе.

Меѓусебната кавга на европските држави околу реформите во ОН и носи штета на целата ЕУ, смета пак коментаторот на Вестфелише Нахрихтен.

,, На сите им стана јасно дека Европејците се разединети и дека со сите средства се борат едни против други. Од тоа профитираат само Американците, кои и онака сакаат да го задржат статус квото. Затоа Европејците мораат што побргу да се одрекнат од националните суети и конечно да почнат со конструктивни дискусии“, заклучува коментаторот на Вестфелише Нахрихтен.

Весниците во Германија денеска се ѕанимаваатт и со одлуката на уставниот суд, кој го прогласи за противустаен законот на покраинската влада на Долна Саксонија. Во предлогот се бара да се доѕволи прислушување на телефонските линии на барање на полицијата, и тоа без конкретни докази дека некоја личност подготвува кривично дело. Законот беше донесен како дополнителна мерка во борбата против тероризмот и затоа одлуката на уставниот суд да го поништи предизвика бројни реакции во земјата.

Во Зидојче цајтунг, на таа тема, читаме:

,, Има еден збор кој се почесто забранетите работи од еднаш ги прави дозволени. Тој збор е превенција. Тоа по 11 септрмври 2001- та е магична формула за прашањата на внатрешната и надворешната сигурносна политика. Така , Американците својот напад на Ирак го нарекоа превентивен. Во Германија, токму од тие превентивни причини, се доведуваат во прашање основните граѓански права. Така и превентивното прислушување на телефонските врски и контролата на комуникациите по пат на интернет станаа омилено средство во новоусвоените закони на германските сојузни покраини. Со тоа, основаниот сомнеж кој што досега беше услов за ваквите мерки, е деградиран во најобична прогноза и слободна проценка, но, уставниот суд сека ја оконча таквата политика.“ пишува Зидојче цајтунг.

Вчерашната одлука позитивно ја оценува и Франкфуртер Рундшау.

,, Во позитивна смисла, конзервативната вредност на одлуката на судот, се гледа пред се во тоа што неговите правници се уште можат да им се спротивстават на барањата за брзи одлуки, кои честопати под притисок на јавноста, но и поради сопствени интереси, ги поставуваат политичарите. Но, правниците мислат подолгорочно и свесни се дека со своите одлуки вршат силно влијание на развојот на правната држава. Токму тоа е еден од аспектите за победа над терористите , бидејќи не им усопеа да ги разнишаат темелите на демократската правна држава. А тоа, меѓу останатото, се и неприкосновени права на граѓаните и нивната потполна слобода„, заклучува Франкфуртер Рундшау.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми