1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавгата прераснува во сериозен судир

Кристоф Штрак/превод: Ж.А.2 ноември 2015

На кризната средба на челниците на германската владејачка коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД) не е постигнат договор во врска со бегалската криза. Таа тема добива се‘ поопасна политичка динамика во Берлин, смета Кристоф Штрак.

Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Конфликтот стигна до кабинетот на германската канцеларка. И таму остана. Канцеларката и шефица на Христијанско демократската унија разговараше со претседателите на другите две партии кои ја сочинуваат владејачката коалиција и во клучните точки-договор нема. Тоа ретко се случува во берлинскиот политички „погон“. Бегалската криза внесе кризно расположение во големата коалиција. Сите се осгласуваат дека-не се согласуваат. Дуваат се‘ понепријатни ветрови.

„Конструктивен“ - таков беше со напнатост очекуваниот состанок на лидерите на ЦДУ, ЦСУ (Христијанско социјалната унија) и СПД (Социјалдемократската партија), изјави портпаролот на сојузната влада, Штефан Зајберт по разговорите на Ангела Меркел со Хорст Зехофер и Зигмар Габриел вчера попладнето. „Конструктивно“-тоа за почеток е спротивно од „деструктивно“. Во политиката поимот „конструктивно“ радо се користи кога не можат да се „продадат“ никакви конкретни резултати.

„Отворено, конструктивно и ориентирано кон наоѓање решенија“, така гласеше формулацијата 12 часа претходно. Во саботата вечерта (31.10.2015) се состанаа Меркел (ЦДУ) и Зехофер (ЦСУ). Размената на мислења траела пет часа, а за содржината не дознавме ништо. „Конструктивно и ориентирано кон наоѓање решенија“, тие зборови обично ги користи Ангела Меркел кога сака да каже нешто во врска со некои разговори. За неа политиката е одлучна ориентација кон можностите за решевање на проблемите. Тоа е основното сфаќање, но не и содржината.

Кристоф ШтракФотографија: DW

Останува напнато

Барем во една од клучните точки околу кои се караат коалициионите партнери, тензиите остануваат. Баварската ЦСУ и нејзиното барање за „транзитни зони“ директно на германските граници и СПД со своите „ не баш такви зони“ и сопствен предлог за „центри за влез во Германија“ во сите сојузни германски покраини- тие два концепта не се компатибилни. Зајберт беше конкретен само во една содржинска точка и призна дека прашањата не се разрешени, токму околу темата „транзитни зони“.

Меркел, Габриел и Зехофер сакаат в четврток (05.11.2015) да ја продолжат дискусијата, четири дена по вчерашниот состанок. Но во тие четири дена ќе бидат дадени уште десетици интервјуа и ќе има уште толку јавни настапи на актерите кои се караат, кои отворено открија дека во коалицијата тлее судир, а сето проследено со нови ултиматуми и вербални заострувања.

А пред четвртокот е вторник (03.11) и редовните седници на пратеничките групи во парламентот. Веќе на минатите седници на пратениците на ЦДУ и ЦСУ се слушнаа силни критики од баварските колеги на сметка на курсот на шефицата на владата. Веќе одамна некои од пратениците се во своите сопствени „транзитни зони“ и се движат во насока на предизборен модус. Коалиционите партнери нема во иднина често да имаат можност туку-така да го одложуваат носењето на решенија. Пред нас се возбудливи денови.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми