1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавги меѓу сојузниците во НАТО

Кристоф Хаселбах
10 август 2017

Спорот меѓу НАТО членките Германија и Турција е само најнов пример за сѐ почестите судири меѓу сојузниците. Но, спорови во западната воена Алијанса имало отсекогаш: несогласувања, судири или толерирање диктатури

Polen Militärmanöver Anakonda mit Nato-Staaten
Фотографија: picture alliance/ZUMAPRESS

Спорот со Русија

Германски војници во ЛитванијаФотографија: picture-alliance/AP Images/M. Kulbis

Проширувањето на НАТО кон исток на крајот на милениумот, Русија го разбра како тешка провокација. Со Чешка, Полска и Унгарија, кон западната Алијанса во 1999 година пристапија поранешни советски сателити. Пет години подоцна, кон воениот сојуз се приклучија и Естонија, Летонија и Литванија, земји кои некогаш беа во состав на Советскиот сојуз. Оттогаш, сите тие реагираат многу чувствително кога постарите, западни членки на НАТО покажуваат разбирање за Русија. САД во времето на Џорџ Буш- со поддршка на новите членки на НАТО од истокот- сакаа во сојузот да ги имаат и Украина и Грузија, што не беше реализирано поради отпорот на западните Европејци. И американските планови за системи за ракетна одбрана кои требаше да бидат поставени во Полска и Чешка, предизвикаа контрадикторни реакции. Наследникот на Буш, Барак Обама, се откажа од плановите во формата која ја замисли Буш. Војната во Украина и руската анексија на Крим уште еднаш покажаа дека единствен став на НАТО кон Русија може да се постигне само со големи напори.

Буш го подели НАТО

Само еден единствен пат во историјата, НАТО прогласи напад врз целата алијанса: по терористичките напади врз САД, на 11 септември 2001 година. САД тогаш побараа поддршка од останатите држави членки на НАТО. Но, до тоа никогаш не дојде. Напротив, реакцијата на Буш за 11 септември го подели НАТО. Кога во 2003 година Буш го нападна Ирак, со себе поведе само коалиција на „доброволци“. Во неа беа Велика Британија, Италија и Шпанија. Останатите земји- како Германија, Франција и Белгија, одлучно го отфрлија учеството во војната. Никогаш во историјата НАТО не беше толку поделен како тогаш. Уследија остри вербални судири на водечки политичари од обете страни. Тогашниот министер за одбрана на САД, Доналд Рамсфелд ги нарече европските противници на војната „стара Европа“. Тој израз во Германија во 2003 година беше прогласен за збор на годината.

Претседателот на САД, Џорџ Буш со американските војници во Ирак во 2003 годинаФотографија: HECTOR MATA/AFP/Getty Images

Две членки во постојан спор

Кон НАТО сојузот во 1952 година истовремено пристапуваат и Грција и Турција. Обете важеа за стратешки важни земји за заштита на југоисточна Европа од можна советска интервенција, како и за стабилност на вратите на Блискиот и Средниот исток. Тоа што и во Грција и во Турција владееја воени диктатури, не влијаеше врз членството во НАТО. Двата сојузници оттогаш се во постојан спор и немаат доверба еден во друг. На грчкиот дел од Егејското море постојано доаѓа до нарушување на воздушниот простор. Кога турската војска во 1974 година го окупираше северниот дел на Кипар, Грција накусо се повлече од НАТО. Сепак, меѓу двајцата сојузници никогаш не изби војна. Поради чувството на загрозеност од Турција, Грција за армијата издвојуваше надпросечно многу пари, често и далеку повеќе од два проценти на БДП, колку што бараа САД. Само за време на тешката рецесија по 2010 година и принудните мерки на штедење, издвојувањата за одбраната паднаа под два проценти.

Военио пуч во Грција во 1967 година не беше пречка за нејзиното членство во НАТОФотографија: picture-alliance/UPI

Непослушната Франција

Франција во 1949 година беше една од 12 земји-основачи на НАТО. Но, претседателот Шарл дел Гол кон средината на 1960-те се дистанцираше од сојузот. Тој не сакаше да ја прифати американската доминација и Алијансата ја доживуваше како инструмент за спроведување на американските интереси. Одбиваше француските воени трупи да бидат под странска или колективна команда. Воениот предуслов за одлуката на Де Гол беше тоа што неколку години претходно Франција прерасна во нуклеарна сила. Франција во 1966 се повлече од воените структури на НАТО, но остана членка. За нештата да бидат уште поделикатни, политичкото седиште на НАТО во тој период беше во Париз, а под притисок на САД, во 1967 беше префрлено во Брисел. Односот на Франција кон воената алијанса почна да се менува дури неколку децении подоцна. Пресвртот почна да се наѕира од средината на 1990 години, а дури во 2009 претседателот Никола Саркози својата земја повторно ја врати во командните структури.

Диктатура меѓу основачите

Последниве години повторно се зборува за вредности за кои се залага НАТО: демократија, владеење на правото, заштита на човекови права. Критичарите во таа смисла укажуваат на недостатоците на денешна Турција. Притоа се заборава дека не само Турција и Грција, туку и Португалија под раководство на Анонио де Оливеира Салазар беше еден од основачите на НАТО иако земјата до 1970 години беше диктатура. За НАТО тогаш тоа не беше проблем. Португалија се чинеше стратешки незаменлива на југозападната граница на Европа. И анти-комунизмот на Салазар одлично се вклопуваше во расположението во времето на Студената војна. Дури и младата Сојузна Република Германија на Салазар во 1953 година му врачи орден „Голем крст“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми