1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде исчезнаа Македонците во Албанија?!

27 март 2009

Според најновото истражување, во Албанија има само 4148 Македонци. Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, порача дека тоа е невистина и оти ќе реагираат до албанските и до сите меѓународни институции.

Фотографија: DW / Aida Cama

Според последните податоци, содржани во студијата изработена од експерти на Комисијата за малцински прашања при албанското министертво за надаворешни работи, во оваа земја 1,14 отсто од вкупната популација отпаѓа на малцинствата. Пренесувајќи ја информацијата, весникот „ Газета шќиптаре“ наведува дека студијата која била изработена за потребите на владата, била чувана во тајност, но екслузивно новинарите на овој весник успеале да дојдоат до неа. Најголем процент се припадници на грчкото малцинство- 1,17 насто додека Македонците ги имало само 4148. Во студијата , како што пренесува весникот „Газета шќиптаре“, се вели дека македонското малцинство е концентрирано главно во источниот дел на земјата, Пустец, Корча и Билишта ( на албански - Девол). Тоа според нив не било погодено од миграцијата, поради што структурата не била видно изменета во последните години. Поаѓајќи од тој факт бројот на Македонците во Албанија, според студијата изнесува 4.148 или 0,14 отсто од вкупната бројка на малцинствата.

Во Албанија има меѓу 120 и 150 илјади Македонци

ТиранаФотографија: DW

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, смета дека тоа се нереални, непријатни, дури навредливи бројки, зашто во општина само во Пустец живеат 5300 жители, додека во областа Билишта, Корча и Подградец, што се во близина на Преспа, има околу 10 илјади Македонци. „ Ова уште еднаш покажува дека албанската власти и понатаму го негираат постоењето на македонското малцинство. Признаваат навистина еден многу минимален број, што е далеку од реалната бројка на Македонците во Албанија“, вели Темелко.

Според него, во цела Албанија, има од 120 до 150 илјади Македонци, кои живеат во Тирана, во Елбасан, во Кукс , во областа Гора, во Голо Брдо. Во последниве две области станува збор за чисто етнички села: околу 16 села во областа Голо Брдо и 11 села во Гора, кои воопшто не се опфатени. „ Ние како Македонци ќе реагираме и како заедница, и како македонски организации и како партија на Македоците во Албанија ќе реагираме до сите институции во Албанија и до сите меѓународни инситуции, бидејќи не само што се прикрива туку постои тенденцијата за негирање на реалниот број на македонското малцинство во Албанија“, истакнува Темелко.

Инаку, според студијата, која како што наведува весникот била подготвена за потребите на албанската држава, околу бројот на малцинствата на кои им е, признат статус на малцинство, Грци имало над 35 илјади, Власи над 900 жители , Срби и Црногорци 678 . Сите малцинства последниот попис го бојкотираа а веќе седумнаесет години бараат попис во кој ќе има колона за етничка и верска припадност.

Автор: Вера Тодоровска

Уредник: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми