1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде со атомскиот отпад?

24 ноември 2011

Барањето конечно складиште за атомскиот отпад во Германија се одолговлекува, наспроти притисокот од ЕУ. Во меѓувреме е основана работна група, која треба да изготви предлог-закон за барање на складиштето.

Anti-Atomkraft
Фотографија: fotolia

Откако откажувањето од атомската енергија во Германија е дефинитивно решено, дојде до забрзување на постапката за барање конечно складиште за отровниот отпад што ќе зрачи уште милиони години. Барањето, според информациите од Берлин, почнува од почеток. Тоа значи дека владата се откажува од намерата рудникот за сол Горлебен да го приспособи за оваа намена. Тој имено веќе 35 години се наоѓа на врвот на списокот на можни места.

Политички притисоци

Опозицијата во земјата веќе подолго време го смета рудникот Горлебен за несоодветен и инсистира да се продолжи барањето на алтернативни места. Во 2009 година во јавноста протече информација дека владата на канцеларот на обединувањето Хелмут Кол во 80-тите години извршила политички пристиок врз експертскиот тим да даде позитивна оценка за Горлебен. Од тоа време подземните канали на рудникот за сол се испитуваат, додека на површината се складира атомскиот отпад - на привремена основа.

Специјални контејнери за превоз на радиоактивен отпад за ГорлебенФотографија: dapd

„Зелен“ премиер

Неколку германски покарини и понатаму даваат отпор конечното складиште за радиаоктивен отпад да се најде на нивна територија. Во тоа посебно предничеа јужните покраини Баварија и Баден Виртемберг. Но, во втората се смени ситуацијата откако во мај годинава на власт дојде премиер на покраинската влада од редовите на Зелените. Винфрид Кречман имено повика на рестартирање на потрагата и притоа не ја исклучи неговата покраина Баден Виртемберг.

Безбедносни стандарди

Така сега комисија со претставници од осум покраини и еден од сојузната влада подготвуваат предлог-закон за потрагата, во кој ќе се зацртаат критериумите за конечното складиште. Тоа посебно се однесува на безбедносните стандарди што треба да ги исполни складиштето, но и на многу контроверзното прашање околу пристапноста на атомскиот отпад во иднина. На овој план и понатаму има спротивставени мислења. Додека министерот за екологија на покраинската влада за Долна Саксонија Ханс-Хајнрих Зандер од СДП бара отпадот да биде достапен, лидерот на Зелените Јирген Тритин преупредува дека тоа може да претставува огромен безбедносен ризик.

Протестите против атомскиот отпад траат со годиниФотографија: dapd

Притисок од ЕУ

Сето тоа зборува дека потрагата по конечното складиште ќе биде напорна и долготрајна. Во меѓувреме, германската влада се наоѓа под засилен притисок од ЕУ. Советот на министри на ЕУ имено во јули годинава донесе закон според кој сите членки кои користат атомска енергија мораат да поднесат планови за конечното складирање на атомскиот отпад.

Автор: Рахел Гесат / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми