1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Каде студирањето е најскапо?

Арбер Бајрами
19 септември 2019

Секоја година многу матуранти си поставуваат две прашања: каде можам да си дозволам да студирам и како да ги финансирам студиите? За многумина одлучувачки при избор на местото на студирање се студентските такси.

Deutschland Symbolbild Studienkredite
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Baumgarten

За голем дел од матурантите одлучувачки при избор на местото на студирање се студентските такси. Дури потоа доаѓаат трошоците за домување, за јадење и излегување. 

Најскапи во Европа се универзитетите во Велика Британија. Студентските такси од над 10.000 евра годишно се меѓу највисоките во светот. Во Германија, пак, студентски такси се плаќаат само во една покраина. Од 2017 година во Баден Виртемберг сите студенти од држави кои не се членки на ЕУ мора да плаќаат по 1.500 евра по семестар. Во остатокот на Германија и во речиси сите скандинавски земји студирањето за сите е - бесплатно.  

Повеќе: 

Германија- сѐ поомилена дестинација за студирање

Кој (не)сака да студира во Германија?

Студирање без такси е многу важно, велат студентите. Во Германија, Франција и од минатата година и во Албанија, постојано имаше протести за спречување на воведувањето студентски такси, или за нивно намалување. 

Протести во Штутгарт против воведувањето студентски такси (април 2017)Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

За универзитетите, пак, студентските такси се важен извор на приходи, пред сѐ во Велика Британија. Таму таксите се толку високи, што сѐ повеќе млади Британци тешко можат да студираат без директна помош од државата - преку студентски кредит. 

Секоја година на студентите им се исплаќаат кредити во висина од над 16 милијарди фунти. На крајот на март 2019 година износот од кредити кој треба да биде вратен изнесуваше 121 милијарди фунти. Голем дел од тоа, според едно истражување, никогаш не се враќа. 

Студентските такси значи може да бидат контрапродуктивни, а студентите со огромни студентски долгови одеднаш наместо благослов може да станат товар за државата.  

Во која европска земја студирањето е најскапо?

02:00

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми