1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Каде ќе завршат украдените скапоцености од Дрезден?

Андреас Ростек-Бути
27 ноември 2019

Крадците од дрезденскиот музеј „Зелен свод“ (Grünes Gewölbe) украдоа накит од непроценлива вредност. Сите сега се прашуваат - што ќе прават со него? Бидејќи украдените уметнички дела од ваков вид тешко се продаваат.

Deutschland Grünes Gewölbe Dresden
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Kahnert

Можеби на крадците им требал уште некој екстравагантен подарок. Или кражбата ја извршиле по налог на некој џентлмен кој за Божик сакал некому да му остави посебен впечаток? Или се работи за посебен скапоцен камен. Или за некоја голема уцена?

Сето тоа веќе се има случено во областа на кражби на уметнички дела.

„Визијата за поседување на некој познавач кој сака да ужива во тоа уметничко дело, веројатно постои во некој холивудски филм“, вели Диандра Донекер од аукциската куќа Гризбах во Берлин. Ни сликата за крадецот џентлмен нема многу заедничко со крадците кои витрините ги кршат со секира, вели таа. „Оваа група се веројатно криминалци кои инаку се занимаваат со перење пари и со трговија на оружје“, вели Донекер за ДВ.

„Човек може само да се надева дека директорката на музејот ќе добие телефонски повик во кој крадците ќе ѝ го понудат она што го украле.“ Уметничките дела стануваат заложници и тогаш се работи за некој вид на откуп. „Тоа би било најдобро решение за оваа страшна приказна“, вели Донекер.

Кражба на 2.500 уметнички дела годишно

Овој вид на „пазар на уметнички дела“, ако можеме така да го наречеме, е гигантски. Само во Германија, Австрија и во Швајцарија годишно се крадат 2.500 уметнички дела, вели Николаус Барта. Тој е специјалист за осигурување на уметнички дела и за „Зиддојче Цајтунг“ изјави: „Проценуваме дека штетата која така настанува во светот изнесува 6 до 8 милијарди евра“.

Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/Staatliche Kunstsammlung Dresden/D. Brandt

Повеќе:

-Спектакуларна кражба на скапоцени камења од музеј во Дрезден

Но, штетата не е еднаква со вредноста која може да ја оствари крадецот. Уметничките дела се навистина вредни само кога се познати. А познатите уметнички дела не е лесно да се продадат. Ни вредноста на уметничките дела украдени во Дрезден не е лесно да се процени. Некое дело може да биде единствено, старо и прекрасно - и за него можеби на легална аукција можат да се добијат 100 милиони евра. Тука се работи за чиста материјална вредност. Тоа, секако, важи за златниот накит и за скапоцените камења, но, на пример, не за сликите. За некое масло на платно на црниот пазар можеби можат да се добијат 10 милиони евра или помалку.

„Најлошо што може да се случи...“

„Во дрезденскиот случај најлошо што може да се случи е: златото да биде растопено, скапоцените камења да се извадат“, вели стручњакот за пазарот на уметнички дела Донекер, „и ние тоа дело веќе никогаш нема да го видиме“. Но, и во таков случај крадецот мора да дојде до пари. Кај скапоцените камења вредноста опаѓа ако бидат повторно брусени, за да не бидат препознаени по стариот начин на брусење. И за тоа се потребни специјалисти. Тие во Европа пред сѐ' можат да се најдат во Холандија. Но, крадците не можат да се чувствуваат сигурни ни на најважниот пазар на уметнички дела во светот, во Антверпен. Трговците имаат директни врски со белгиската полиција, а во населбата со дијаманти се поставени 2.000 камери за набљудување. Поедноставно е со предметите од злато - тие можат размерно лесно да се растопат. А единственото уметничко дело е засекогаш загубено.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Grünes Gewölbe/Polizeidirektion Dresden

Тоа се случи во спектакуларната кражба на златната кованица „Големиот јаворов лист“ тешка 100 килограми, која пред 2 години беше украдена од берлинскиот Бодеов музеј. Кога крадците беа фатени, кованицата веќе беше растопена.

Уметничко дело како трофеј

Во организираниот криминал уметничките дела се користат и како гаранција, или како стока за трампа, слично како шишињата скапоцено архивско вино, кои завршуваат во сефови, а не на масите и кои како депозит одат од сеф до сеф. Излезот за брзоплетиот крадец на уметнички дела може да биде осигурувањето. „Кога крадците ќе забележат дека не можат да најдат купец, тие бараат алтернатива“, вели детективот за уметнички дела Артур Бранд. „Тие тогаш, на пример, го уценуваат осигурувањето.“ Но, во тој случај можат лесно да се фатат, изјави Бранд за „Шпигел“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми