Казахстан – претседател
18 мај 2007Реклама
Парламентот во Казахстан го укина досегашното ограничување на мандатот на претседателот Нурсултан Назарбаев. Според предлог-законот што треба да го потпише тој, Назарбаев во иднина ќе може да остане на функцијата неограничено време. Неговиот сегашен мандат, што истекува во 2012 година, требаше да биде последниот. Само еден од 100 пратници, гласал против промената на законот. 66-годишниот Назарбаев е претседател на Казахстан од 1989 година и ја водеше земјата кон независноста во 1991 година.