1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Казна за Бајер од над две милијарди долари поради Монсанто

ЕМФ / дв
14 мај 2019

Дали глифосатот предизвикува рак? Хемискиот и фармацевтски концерн Бајер во САД доживеа уште еден судски пораз и поради својата фирма ќерка Монсанто мора длабоко да бркне во џебот.

Bayer AG Logo
Фотографија: picture-alliance/Geisler/C. Hardt

Судот во Оукленд, Калифорнија, го осуди концернот Бајер и одреди обесштетување од над две милијарди американски долари. Најголемиот дел од тоа отпаѓа на т.н. казнена надокнада на штета.

Тужбата ја поднесе брачна двојка пензионери, која тврди дека заболела од рак поради средството за уништување плевел Раундап на фирмата ќерка на Бајер - Монсанто. Адвокатите на брачната двојка бараа отштета од над една милијарда американски долари. Тие оценија дека станува збор за „историска“ казна. Бајер соопшти дека е „разочаран“ од одлуката на судот и најави дека ќе вложи жалба.

Брачната двојка Алва Пилиод (прв од лево) и Алберта Пилиод со своите авдокати на прес-конференција по пресудатаФотографија: picture alliance/dpa/AP/P. Elias

Во текот на судската постапка обвинителите постојано се обидуваа да ја убедат поротата не само во тоа дека производите на Монсанто предизвикуваат рак, туку и дека со манипулирани истражувања се правеле обиди за прикривање на ризиците. Бајер постојано ги отфрлаше обвинувањата дека глифосатот предизвикува рак и укажуваше дела властите задолжени за издавање лиценци шриум светот го оценуваат овој хербицид како безбеден доколку се употребува согласно упатствата.

Повеќе: 

Хемискиот гигант Бајер фатен во Монсанто-стапицата

Контроверзниот Бајер - Монсанто „дил“

Неодамна американската агенција за заштита на животната средина ЕПА ја потврди својата оценка дека глифосатот не предизвикува рак. Тужителите, меѓутоа, се повикаа на меѓународната агенција за истражување на ракот ИАРЦ, која го има категоризирано ова средство како „веројатен предизвикувач на рак“.

Средството за уништување плевел Раундап е категоризирано од ИАРЦ како „веројатен предизвикувач на рак'Фотографија: Getty Images/AFP/J. Edelson

За Бајер ова е веќе трет пораз во судски процес во последните месеци. Во два претходни случаи концернот веќе беше осуден на обесштетување од околу 160 милиони долари. Бајер вложи жалби, но многу експерти сметаат дека на крајот сѐ ќе заврши со спогодба која ќе чини скапо. Веројатноста за такво нешто е уште поголема по последнава пресуда во Оукленд. Во САД концернот е соочен со околу 13.400 тужители поради Раундап.

Бајер е соочен со проблеми и во Франција. Во саботата париското обвинителство покрена истрага против Монсанто по обвинувањата дека претпријатието собирало приватни податоци на критички настроени новинари, политичари и научници.

Бајер го купи Монсанто минатата година за околу 56 милијарди евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми