1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Казни за „непослушните“ институции што нема да штедат

ДТЗ
16 март 2022

Премиерот Димитар Ковачевски најави санкции за секој што нема да ја почитува одлуката за рационализација на трошоците во јавниот сектор.

Nordmazedonien Politiker Dimitar Kovacevski
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Премиерот Димитар Ковачевски најави санкции за институциите и поединци коишто нема да ја почитуваат владината одлука за рационализација на трошоците во јавниот сектор. Во услови на криза, македонската Влада во средата(15.03.2022) донесе пакет антикризни мерки за штедење, со кои се забрануваат набавки на мебел и возила, а буџетски корисници ќе треба да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

Во иднина секоја набавка на мебел или на возила во државните институции, мора да биде одобрена од Владата и тоа ќе биде направено само во случај доколку е неопходно. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во однос на мебелот и на возилата кога се правел Буџетот за 2022 година тековните трошоци се намалени за осум проценти, мебелот бил предвиден само за опремување на касарните и на училиштата таму каде што е потребно, а возила биле предвидени за инспекциските служби и за други институции каде што се неопходни.  

Репрезентацијата и службените возила на минимум  

Во однос на другите трошоци, а тоа се тековните трошоци за стоки и услуги, што се ограничени со процент на намалување, како и трошоците за репрезентација што се ограничени со 50 процентно намалување, Ковачевски вели дека контролата ја врши Министерството за финансии.

Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, а потоа се разгледуваат и одобруваат на Влада.

„Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи“, изјави премиерот Ковачевски при обиколката на „ОХИС“.   

Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително. Сите буџетски корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство. Владата ги задолжи и јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми