1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каи Ејде ја почна својата мисија на Косово

14 јуни 2005

Специјалинот претставнуик на генералниот секретар на ОН Кофи Анан за проценка на стандардите на Косово, амбасадорот Каи Ејде вчера ја почна својата мисија во покраината. Од неговиот извештај ќе зависи почетокот на преговорите околу конечниот статус на покраината.

Косово
Косово

Независен иѕвештај, не само за стандардите туку и за сеопфатната ситуација на Косово, им вети по доаѓањето во Приштина, на косовските граѓани Каи Ејде.

,, Сакам да подвлечам дека процнката на исполнување на стандардите е само една од компонентите на мојата работа. Јас ќе направам широка проценка на ситуцаијата, она што од мене го побара генералниот секретар на Он Кофи Анан, рече норвешкиот амбасадор во НАТО.

Повереникот на Анан истакна дека основна цел на неговата мисија е да добие релна слика на состојбата на терен, а тоа според неговите ѕборови, ќе го постигне со обиколка на различни делови на Косово.

,, Нема сакам само да читам, туку и да видам, слушнам и да разговарам со луѓето. Тоа е основното што сакам да го направам , нагласи Ејде и додаде дека неговата мисија ќе биде независна од мисијата на ОН на Косово.

Човекот од чиј иѕвештај ќе ѕависи натамошната косовска судбина во Пртиштина се сретна со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, како и со и координаторот на меѓународната администрација за стандардите Сара Мекинтош, а својата работна посета, денеска ја продолжува на Белград.

Мисијата на Каи ејде не е временски ограничена, но се очекува дека неговиот иѕвештај, од кој што ќе зависи и почетокот на разговпорите околу конечниот косовски статус, да биде подготвен ѕа наредната, есенска седница на Советот ѕа Беѕбедност на ОН.

Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, во меѓувреме отворено ја поддржа идејата управувањето со Косово, кое во моментов е под протекторат на ОН, да го преземе Европската Унија.

Се очекува во втората половина на 2006-та година Советот за безбедност да донесе одлука со која одново ќе биде дефинирана улогата на меѓународната администрација во покраината, при што се упатува на тоа дека нејзе би можело да ја преземе ЕУ.

Вчера во Приштина заврши и дводневната конференција посветена на идниот статус на Косово. Бројните политичари, претставници на меѓународната ѕаедница, експери и интелектуалци оценија дека не може да се одржи сегашната состојба на покраината и ги повикаа властите во Белгрда и Приштина да демонстрираат максимум волја ѕа меѓусобен дијалог и потполна соработка со претставниците на меѓународната заедница.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми