1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква иднина за Косово?

27 мај 2005

Косово кое е под управа на Обединетите нации, повторно е во фокусот. Денеска шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен во Советот за безбедност ќе го презентира својот извештај за досегашното спроведување на демокреатските принципи во покраината. Најдоцна до есен би требало да започнат разговорите за идниот статус. Политичката иднина на покраината и натаму е несигурна. Сигурно е само дека политичките нејаснот

�и го сопираат економскиот развој.

Соединетите Американски Држави притискаат подеднакво како и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан: кога и да е во наредните месеци треба да започнат конкретни преговори за идниот статус на Косово, а најдоцна до крајот на 2006 треба да водат до конечен резултат, иако се уште никој не знае каков треба да биде. Меѓународната заедница е согласна само за тоа што не го сака: нема враќање на покраината под директна валст на Белград, нема поделба, нема приклучување кон Албанија и нема целосен суверенитет. Тоа пак, го посакува владата на Косово. Портпаролот на премиерот Бајрам Косуми токму тоа еуфорично го најави во едно интервју:„Во идната година во ова време Косово ќе биде независно„.

Обединетите нации постојано подвлекуваа дека пред преговорите за статусот на покраината мора да биде гарантирано исполнувањето на основите стандарди: функционален полициски и судски систем, на пример, и почитување на правата на етничките малцинства. Според српската страна за тоа и натаму не може да стане збор. Владата во Белград укажува дека можна независност на Косово би можела да ги дестабилизира соседните држави Босна и Херцеговина и Македонија, бидејќи тамошните народносни групи би можеле да побараат исти права, какви што во овој слуачј би добиле косовските Албанци.

Како би изгледало решение врз ваква основа, а со кое би биле согласни и двете страни, останува неизвесно. Меѓутоа, без јасно решение за политичкиот статус не може да се смета на економски напредок од поголеми размери. Во УНМИК за ова прашање од неодмана е одговорен еден Германец: Јоахим Рикер. Тој знае што му недостига на Косово:

„Странските инвеститори секако ги посматраат политичките рамки и велат дека станува збор за нешто што се уште не е јасно. Нешто е веќе инвестирано, но тоа не е доволно„.

Тој вели дека Косово би можело да има поволни економски перспективи зашто, меѓу другото, лежи врз најголемите наоѓалишта на кафен јаглен во цела Европа:

„Прво, јагленот е со дневен коп, што може да биде претворен во струја на самото место, па Косово многу бргу би можело да извезува струја, а не да увезува како сега. Второ, Косово има традиција со железната руда и цинкот за што има интерес кај странските инвеститори.

Рикер зборува за можни приходи од милијарди, но првенствено важи дека се потребни стабилни политички рамки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми