1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Какви последици би имале трговска војна меѓу САД и Кина

Михаел Браун
18 август 2017

Можеби се тоа повторно само зборови. Ако не, тогаш се заканува трговски конфликт меѓу Кина и САД. Тој би ја погодил и Германија, како и сиромашните Американци.

US-Präsident Donald Trump
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од својот министер за трговија да го испита односот на Кина кон интелектуалната сопственост: Тоа дека во Кина има малку совест за кршење на авторски права и голема подготвеност за плагијати во областите на дизајнот и техниката е познато и во Германија. Тука секоја година се доделува наградата „Плагиариус“, грдо џуџе со златен нос, на оној кој краде интелектуална сопственост. Без разлика дали станува збор за канцелариски столици, апарати за мерење притисок или славини- оваа година фалсификаторите на брендови повторно беа многу застапени меѓу примателите на овие негативни награди.

Трамп поради тоа сака детално да ја проучи кинеската трговска пракса. Доколку претставникот за трговија Роберт Лајтхицер притоа открие прекешоци на Кина ѝ се закануваат трговски санкции, порача Трамп.

Фотографија: Aktion Plagiarius e.V.

Германската економија е вознемирена

На реакција од Кина не требаше долго да се чека. Пекинг на САД им се закани со противмерки. Кина нема да „седи со скрстени раце“, соопшти министерството за трговија. Германската економија е вознемирена. „Конфликтот меѓу двете најголеми светски економии би имал негативни последици и за германската економија“, вели претседателот а ДИХК Ерик Швајцер за „Ноен оснабрукер цајтунг“.

Сега постојат бројни причини сети тоа да не се зема толку сериозно. Доналд Трамп многу работи веќе најавуваше, но малку од нив и спроведе. Нему, исто така, Кина би му била потребна како политички партнер доколку и натаму се заострува конфликтот со Северна Кореја.

Марко Вагнер од Комерцбанк наведува и трета причина против тоа сите американски компании да се залагаат за трговски рестрикции против Кина: „Постојат голем број американски фирми кои сакаат да ги продаваат своите лиценци во Кина. И тие секако не сметаат дека се добри рестрикциите против оваа азиска земја.“

Можна полза за Германија?

Секако, сепак постои ризик да дојде до трговски конфликт. Тој секако би можел да има различни размери. Ако Американците го ограничат само увозот од Кина, тогаш германската економија би можела секако да профитира. Бидејќи тогаш, како што вели Вагнер, ќе дојде до „пренасочување на трговијата“: „Тогаш веќе нема да се увезува челик од Кина, туку тој ќе мора да биде увезен од други делови од светот“, вели Вагнер. На пример од Германија.

Поинаку би можело да биде ако Трамп против Кина воведе бројно помали, не толку драстични, но непријатни мерки. Тогаш германската економија веќе би можела да биде негативно погодена. Неа, имено, и’ е важно со сите нејзини трговски партнери да има добар однос, никаде да нема застои и со тоа таа да одговори на потребите на нејзините клиенти ширум светот. Поради тоа претседателот на ДИХК Швајцер предупредува.

А податоците го говорат следното: Кина во САД извезува стока во висина од 462,5 милијарди долари. Со тоа 18,3 отсто од комплетиот кинески извоз оди во САД. Од друга страна тоа одговара на одреден процент од 21,4 отсто од својот увоз во САД. Пред се’ станува збор за стока за широка потрошувачка која Кина ја продава. Поради тоа во ДИХК поставуваат повеќе реторичко прашање со кои машини таа стока ќе биде произведена? Често тоа не се само машини кои се извезуваат во Кина од Германија, туку тоа се дури фирми-ќерки на германските компании кои во Кина работат на кинескиот извоз.

Фотографија: Getty Images/AFP/F. Dufour

Царините ја ограничуваат куповната моќ

Меѓу последиците на царината на кинеската стока за широка потрошувачка е секако и повратната спрега во САД. Царините, имено, го прават узвозот поскап: „Поголемиот дел од американските конзументи ќе страдаат поради таа политика и тоа особено оние со помали примања“, вели професорот Штефан Котс, од Институтот за светска економија во Кил. „На еден милионер од Менхетн не му се потребни евтини увозни блузи“, вели Котс.

Ако за производите за широка потрошувачка треба да се плати навистина скапа цена, дали Американците тогаш сѐ уште би можеле да купуваат германски автомобили во досегашен обем, се прашуваат од ДИХК. Со секоја од земјите, Кина и САД, германската економија има трговски обем во висина од речиси 170 милијарди евра, вкупно 335 милијарди евра, што се 15 насто од вкупниот износ на надворешна трговија. Претседателот на ДИХК е убеден во тоа дека во трговските војни постојат само губитници.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми