1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каков иден НАТО?

7 февруари 2006

Европа и Северна Америка: кога НАТО беше формиран пред повеќе од полвина век, алијансата ја гарантираше безбедноста на обата континента. Со завршувањето на студената војна ова се промени. НАТО трупите денес ги има во Авганистан, на Косово или во Судан. Значи во кризните региони во целиот свет.

Јап де Хоп шефер не го замислува НАТО како светски полицаец
Јап де Хоп шефер не го замислува НАТО како светски полицаецФотографија: AP

Американската амбасадорка во НАТО Викторија Њуланд веќе пред неколку месеци во многу пригоди зборуваше на тема:„НАТО мора да стане поглобален„. Најновиот прилог во оваа серија таа го соопшти неколку дена пред безбедносната конференција во Минхен, во училиштето на НАТО во Оберамергау. Барањето НАТО да биде во можност да испраќа трупи низ целиот свет каде што се тангирани интересите на алијансата, не е ново. Најдоцна на самитот на НАТО во Прага во 2002-та, тоа стана и негова официјална насока. Од понов датум се размислувањата на земјите од Пацификат како Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд да им се понуди еден вид формално партнерство. Етикетата „Светски сојуз„ што ја предложи весникот „Зиддојче цајтунг„, генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер ја одби. НАТО сака да воспостави контакт со азиско-пацифичките партнери, но воопшто не станува збор за претворање на алијансата во мини Обединети нации. Се посакува глобално пратнерство, но никако како глобален полицаец. На минхенската конференција за безбедноста Јап де Хоп Шефер изјави:

„НАТО не е глобален полицаец„.

Висок дипломат во НАТО во Брисел изјави дека по разговорите со јапонските колеги стекнал впечаток дека Јапонија не е заинтересирана за членство, но многу повеќе за контакти. Всушност сојузот веќе соработува со Нов Зеланд, Јапонија и Австралија во мисијата ИСАФ во Авганистан. Задача би требало да биде заедничка одбрана од тероризмот.

Велика Британија и Холандија се изјаснуваат за мрежа со регионалните сили во целиот свет, поеднакво во Азија и Африка. Меѓутоа, како што вели британскиот министер за одбрана Џон Рид, не станува збор за нови приклучувања. Ваквите замисли во целост не се прифатливи за францускиот министер за одбрана Мишел Ајо-Мари. Воопшто не смеее да се случи пренапрегнување, гласи нејзината девиза.

Некои европски НАТО држави гледаат слично и сакаат да се концентрираат врз одбраната на основните интереси на алијансата.

Политичката и воената обнова, трансформацијата на НАТО треба да биде завршена до следниот самит во ноември во Рига. Дотогаш НАТО ќе одржи серија министерски средби на кои треба да се дефинираат идните задачи и можни проширувања. Во моментов НАТО има 26 северно-американски и европски членки. Во основа можат да бида примени и други европски држави како Украина или Грузија, вели Де Хоп Шефер:

„Вратата останува отворена за сите демокартии во Европа што ги исполнуваат условите. Ние го поддржуваме претседателот Јушченко во неговите напори да ја донесе Украина во евро-атлантскиот простор„.

НАТО во моментов одржува партнерски односи со некои соседни земји во Персисикиот залив и во просторот на Средоземното Море вклучувајќи го Израел, што треба да бидат доградени. Во програмата партнерство за мир се вклучени неколку централно-азиски држави, Финска, Австрија и неколку балкански земји. Русија има привилегирана позиција. Москва е консултирана за скоро сите политички теми за што постои советот НАТО-Русија.

Во моментов НАТО располага и со таканаречената група за реакции од околу 20 до 25 илјади војници кои за само неколку дена можат да бидат ангажирани во целиот свет. Тие до идната година треба да бидат целосно подготвени за акција. Вицегенералниот секретар на НАТО Џон Колстон смета дека иновациите или трансформациите во рамките на алијансата постојано ќе одат напред:

„Светот се менува, а тоа значи дека и ние мораме да се менуваме. Мораме да бидеме сигурни дека сме подготвени за сегашните и индните предизвици. Односно, да бидеме доволно флексибилни да се грижиме за нашата безбедност без оглед какви опасности би се појавиле во иднина„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми