1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Како Германците денес гледат на нацистичките злосторства?

25 јануари 2020

На 27.01. се одбележуваат 75 години од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. Анкета спроведена по нарачка на ДВ покажува: Германците сакаат да се одржи сеќавањето на ужасите од периодот на националсоцијализмот

Polen Auschwitz KZ-Eingang
Фотографија: picture-alliance/Zuma/D. Klamka

Пред 75 години, Црвената армија ги ослободи малкуте преживеани затвореници од концентрациониот логор Аушвиц. Таму беа убиени повеќе од еден милион луѓе, најголем број Евреи. Во 1996 година, на иницијатива на тогашниот германски претседател Роман Херцог, 27 јануари и официјално е прогласен за германски ден на сеќавање на жртвите на нацизмот. Во 2005 година и ОН го прогласија 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Во Германија, антисемитизмот во последните години повторно се разбуди. Зголемен е бројот на антисемитистички напади, а Евреите кои живеат во Германија сѐ повеќе се изложени на отворени напади на улица. Кулминација на сето ова беше нападот во Хале на 9 октомври 2019 година кога сторителите се обидоа на најголемиот еврејски празник Јом Кипур да влезат во синагогата и да убијат 51 верници кои присуствуваа на молитвата.

Колку во вакви времиња на Германците им е важна културата на сеќавање на Холокаустот: Дојче Веле од Институтот за истражување на јавното мислење „Инфратест димап“ побара да ја истражи оваа тема. Анкетата е направена на репрезентативен примерок од 1018 телефонски разговори, а резултатите според експертот Роберт Хајнрих се “во основа смирувачки“.

Поголемиот дел од Германците на прашањето „дали сметате дека за нацистичките злосторства се потсетува премногу, соодветно или премалку?", половина од анкетираните сметаат дека културата на сеќавање и односот кон минатото е соодветен и исправен. За секој четврти Германец ова е пренагласено, додека еден од шест Германци смета дека во Германија не се потсетува доволно на злосторствата од националсоцијализмот.

Повеќе:

-Меркел во Аушвиц: Се срамам од варварските злосторства

-Форум за холокаустот во Јад Вашем: Заедно против омразата кон Евреите

-Нема компромис

Второто прашање во студијата гласеше: „Неодамна некој изјави дека ’75 години по завршувањето на Втората светска војна треба да подвлечеме линија и веќе да не се занимаваме толку со ерата на националсоцијализмот.' Дали се согласувате со ова тврдење или не?" Јасно мнозинство од анкетираните, над 60% не се согласило со ваквото тврдење, додека 37 одсто од испитаниците смета дека ерата на националсоцијализмот треба да се остави во минатото.

Третиот сет прашања ја третира темата на конфронтација, односно соочување со нацизмот. Тројца од четири испитаници сметаат дека посетата на концентрационите логори Аушвиц или Бухенвалд во иднина треба да биде составен дел од училишната настава.

61% од испитаниците сметаат дека треба да се испита и улогата на сопствените семејства за време на нацизмот, додека 55% од учесниците во анкетата не смета дека политичките азиланти мора неопходно да се запознаени со злосторствата на националсоцијализмот.

Колку луѓето се пообразовани, толку е поголема поддршката кон културата на сеќавање

„Образованието помага!" Експертот Роберто Хајнрих вели, ова „беше првата реакција на еден мој колега кога ги виде резултатите од студијата." Кога ќе се земе в предвид дебатата за тоа конечно да се повлече линија со минатото и нацистичките злосторства, интересно е дека степенот на образование игра голема улога во одговорите. Така за раскрстување со минатото се изјасниле 21% од испитаниците кои завршиле матура или имале висок степен на образование, додека дури 56% од испитаници со низок степен на образование биле за.

„Се на се, јасно мнозинство од испитаниците кои учествуваа во анкетата на Институтот Инфратест димап вели дека мора да продолжиме да се занимаваме со темата поврзана со националсоцијализмот," вели Роберто Хајнрих како резиме на истражувањето.

Во споредба со резултатите од истражуваењето „Мемо Германија – мултидимензионален мотор на сеќавања“ од 2018 и 2019 година покажува дека политичката и општествената клима во Германија е сепак сменета. Пред две години само 26% од испитаниците се залагаа за раскрстување со нацистичкиот период, додека претходната година таа бројка беше 33%. Во актуелното истражување на Инфратест Димап за ДВ оваа бројка е зголемена за 4%.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми