1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како го избираме партнерот?

Николас Мартин / Е.М. Фиданоска5 март 2016

При изборот на партнер мажите обраќаат внимание на добриот изглед, а жените на успешноста. Точно е или не? Научниците велат: тоа е сосема надминато. Рамноправноста на половите сосема ја има променето шемата на освојување

Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene

Тој бара жена со симпатично лице и вистински облини, а таа бара маж со пари, добра работа и углед. Нејзе ѝ е сеедно како изгледа саканиот, а нему не му е грижа колку неговата обожувана има во главата. Тој сака да се размножува, а нејзе ѝ е важно тој да може да си го прехрани семејството.

Во класичната еволутивна биологија сѐ се врти околу продолжувањето на родот. Желбата за деца притоа функционира како вграден чип кој влијае врз нашата шема на освојување.

Научниците сега им противречат на ваквите традиционални критериуми при изборот на партнерот. „Се прилагодуваме“, вели Марсел Центнер од Универзитетот Инсбрук. „Ако ваков чип воопшто постои, тогаш тој реагира на влијанијата на околината, на предизвиците и на промените.“

Машите сакаат паметни жени

Централна промена е рамноправноста на мажот и жената. Психологот Центнер со својата колешка Елис Игли од Универзитетот Нордвестерн, „прочешлал“ стотици студии од различни земји. Притоа правеле проценка на податоци од земји во кои проблемот на рамноправност многу различно се третира. „На пример, тука има и податоци од Иран и Саудиска Арабија, како и Јапонија, Финска, Шведска, Англија и.т.н.“

Научниците биле изненадени: „Поврзанста е речиси перфектна“, зашто колку е поголема рамноправноста, толку разликите во освојувачката шема се помали. „Дури и ние бевме изненадени колку тоа јасно се гледа“, вели Центнер.

Во својата студија тие доаѓаат до заклучок дека класичната еволутивна биологија е „прегазена“ во напредните општества. Колку едно општество е помодерно, толку освојувачката шема на мажот и жената е послична. Готвењето, раѓањето деца и прехранувањето се застарени.

Жената во општество на рамноправност на половите бара партнер кој може и да пеглаФотографија: Colourbox

Повеќе од само симпатично лице

Дружељубивост, доверливост, интелигенција, образование и емоционална зрелост се најважните особини за мажот и жената. Тие доаѓаат пред изгледот. „Така погледнато, полиците со книги се поважни од огледалото“, подвлекува Центнер. Современиот маж бара интелигентна жена. „Во Финска за мажите веќе е поважно образованието на жената отколку обратно“, додава психологот.

Жената во едно општество на рамноправност на половите бара партнер кој може и да пегла, а и да готви. Жените многу повеќе обраќаат внимание на изгледот отколку порано, нагласува Центнер.

Средства за потенција како компензација?

Додека мажот и жената во едно модерно општество сѐ повеќе се приближуваат во делот на оптиката и интелигенцијата, во делот на платите и натаму јасно се препознава наследството од класичната поделба на улогите. „Една интересна студија од Данска покажува дека кај мажите кои заработуваат нешто помалку од нивните жени е забележлива поглема потрошувачка на средства за потенција“, објаснува Центнер. „Јасно е дека притоа се работи за еден вид компензација за 'научената' машкост. И за жените генерално сѐ уште е поважно мажот да има добри финансиски изгледи, отколку обратно.“

Остаток од еволутивната теорија

Интелигентен, убав и имашлив - во модерните општества оваа комбинација и кај мажот и кај жената е прилично горе во рангирањето што го прави нашиот биолошки чип. Но, критерумите за избор на партнер не се сосема идентични со ова, и тоа од биолошки причини. Кога би било така, бременоста на жената би имала влијание врз поделбата на улогите, вели Центнер. „Поради тоа, не верувам дека во блиска иднина ќе се случи перфектно изедначување на преференциите.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми