1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Како да го зајакнете имунитетот и во изолација?

Јулија Вергин
31 март 2020

Никој не знае колку долго ќе потрае корона-кризата. Дотолку поважни се работите кои можеме сами да ги преземеме за да останеме здрави, да го зајакнеме имунолошкиот систем и да си ја поштедиме психата.

Im Internet surfen
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose

Никој не знае колку долго ќе потрае ова. Дотолку повеќе се поважни работите кои можеме сами да ги преземеме за да останеме здрави, да го зајакнеме имунолошкиот систем и да ја поштедиме психата.

Здрава исхрана

Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. Енергијата најрамномерно се ослободува со сложени јаглехидрати кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и во интегралните житарки. Витамините се важни, особено витаминот Б кој придонесува за лачење на „хормоните за среќа“ серотин и допамин, а се наоѓа, на пример, во брокулата, спанаќот, но и во бананите, јајцата, пилешкото месо, рибата, цвеклото. Состојбата на нашиот цревен тракт, исто така, има големо влијание на расположението, затоа е важно да се внесуваат намирници со пробиотичко дество како што се јогурт, кефир, киселата зелка.Светската здравстена организација потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги. 

Добар сон

Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката и може да ја намали емоционалната интелегенција. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам. Легнувањето и будењето во слично време секогаш помагаат да се зачува чувството на нормалност. Ако деновиве имате проблем да заспиете, пробајте неколку часа пред спиење да не следите вести, и воопшто, да избегнувате монитори кои е докажано дека лошо влијаат на сонот. Пробајте да читате книга наместо тоа.

Повеќе:

-Коронавирус: Изолација во поврзаниот свет

-Ограниченото движење и „мајката природа“ нема да го сопрат коронавирусот

-Храна има за сите, но како ќе се стигнува до неа?

Движење и вежбање

Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето и моќта на запазување. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух. Некои истражувања покажуваат дека 2 часа неделно во природа имаат позитивно влијание на физичкото и на психичкото здравје.

Останете во контакт

Пријателите сега се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.

Исклучете се

Изолацијата можеби е прилика да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми