1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Како да си пред портите на лудница, а не на Германија“

Немања Рујевиќ
31 јули 2020

Десетици илјади луѓе од Западен Балкан секоја година се вработуваат во Германија. Но тогаш за нивните семејства почнува долго чекање пред амбасадите, а семејствата со години живеат раздвоено. Еден пример од Србија...

Schengen-Visum Antrag
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Spata

Милица Живковиќ и нејзиниот сопруг пред 2 години дигнаа раце од животот во Србија. Сопругот, кој е во зрели години и е камионџија, нашол работа во баварското градче Хоф, на границата со Чешка. Таму изнајмил голем стан, доволен за целото семејство - бидејќи, насокоро требало да му се придружи.

Милица за себе и за двете деца побарала термин во амбасадата на крајот на ноември 2018 година. Во меѓувреме се вратила во родителската куќа, во Подружница во близината на Сокобања, за да ги намали трошоците за живот. Но денес, 20 месеци подоцна, сѐ уште не стигнала на ред во германската амбасада во Белград да побара виза за т.н. спојување на семејство. „Се чувствувам страшно. Растроено“, вели Милица за ДВ, во интервјуто во јуни годинава. „Имам впечаток дека попрво сум пред вратата на лудница отколку пред вратата на Германија. Мачење е и за сопругот таму, и за децата и за мене, и за моите родители кај кои живеам. Што е најлошо, не се знае кога ќе биде крајот на ова“.

ДВ има на увид два лекарски извештаи - во едниот од психолог од Клиничкиот центар во Ниш пишува дека 7-годишниот син на Милица покажува „импулсивност, пркос и самоволност, а позадината на оваа реакција е одвоеноста од таткото и раздвоеноста на семејството“: Во другиот извештај стои дека 4-годишната ќерка често неконтролирано мокри. „Тоа се врзува за психичко оптоварување, може да се поврзе со заминувањето во странство“, пишува во наодот на педијатар од Клиничкиот центрар во Ниш.

Фотографија: Privat

Масовен застој

Чекањето на термин е и одисеја во потрага по информации. Зошто толку се чека? Кога се делат термините? Дали ги има сите документи? Милица поминала речиси 2 години барајќи на форуми, најмногу на групите на Фејсбук, каде се собираат илјадници нејзини сопатници.

ДВ има на увид случаи од дваесетина семејство од Србија - сите уредно побарале термин во амбасадата кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година, сите и натаму чекаат. Секој има своја приказна, но во едно се слични - едниот сопружник веќе работи во Германија, другиот и децата чекаат термин. Или уште поекстремно, двајцата родители заминале со работна виза, а децата чекаат и живеат со роднини во Србија. Сите луѓе кои зборуваа за ДВ, а ги снашло толку чекање, се очајни бидејќи се разделени од семејствата. И сите се лути поради тромоста на германската бирократија. „Ќе морам да почнам да играм лото, шансите се па подеднакво како и за одобрување на виза“, напишал еден член на Фејсбук групата која се занимава со оваа тематика.

Фотографија: Privat

„Енормна“ навалица

Во германското Минстерство за надворешни работи на нашето прашање наведуваат дека во последните години во Србија и во другите земји од Западен Балкан дошло до „енормен пораст на побарување за термини за издавање визи“, меѓу останатото поради олеснетоста за вработување на луѓето од овој регион.„Вработените во одделението за издавање визи во Белград е толку засилено, колку што дозволува тамошниот простор. Во моментов во Белград се воспоставува нова зграда за амбасада. По завршувањето амбасадата ќе има поголем капацитет за издавање визи“, стои во одговорот.Во Министерството признаваат дека „одделни поднесувачи на барањата за жал се погрешно советувани“ од страна на конзулатот. Имено, минатата година се воведени нови листи на чекање за одредени категории на вработени и семејствата од старата листа морале да се пререгистрираат.

На нивните прашања, службениците од амбасадата им одговарале дека пререгистрацијата не им се исплатува бидејќи побрзо ќе дојдат на ред ако останат на старата листа на чекање - но на крајот спротивното било вистина.

Десетици илјади луѓе од Србија и од соседството доаѓаат во Германија на работа. Германската влада планира до крајот на 2023 година да ја продолжи т.н. посебна регулатива за Западен Балкан, според која секоја година можат да се вработат и 25.000 неквалификувани работници од регионот.

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

02:28

This browser does not support the video element.

„Бирократски мелници“

Но додека, и покрај короната и очекуваниот пад на економијата, сѐ уште се бараат работници од Србија, што е со нивните семејства? Особено поради тоа што законите и правилниците за спојување на семејство се темелат на шестиот Член на германскиот Основен закон каде што пишува: „Бракот и семејството стојат под посебна заштита на државниот поредок“.Германија не може да биде атрактивна доселеничка држава доколку добивањето на виза се претвора во „чекорење низ бирократски мелници“, наведува за ДВ Филиз Полат, пратеничка од германската партија Зелените која е задолжена за прашањата за миграција. „Не смее кај нас да се развие очекување дека луѓето тука ќе ја вложат својата работна сила, а истовремено ќе трпат ограничувања во заедничкиот семеен живот“, доава Полат, укажувајќи на низа европски конвенции кои го штитат семејството и Конвенцијата за правата на детето на ОН.

Многу критичари како голем проблем ја наведуваат слабата дигитализација во германската бирократија, што добро се виде по избивањето на пандемијата. Со месеци претставништвата на Западен Балкан беа сосема затворени за работа со странки, па тоа само ја зголеми гужвата. „Издавањето виза во германските амбасади мора итно да се убрза“, смета и Паскал Кобер, пратеник на Либералите во Бундестагот. Тој за ДВ наведува дека се надева на напредок во дигитализацијата, како и на помош на конзулатите од страна на Сојузниот завод за надворешни работи, ново тело кое ќе започне со работа наредната година.

Конечно термин!

Во текот на речиси две години чекање Милица Живковиќ со децата патувала во Германиа кај сопругот кога можела- но само туристички, на најмногу три месеци. Во јуни кога разговаравме со неа, таа звучеше безнадежно.

Меѓутоа, тогаш амбасадата конечно го прозвала и нејзиното име- и таа со двете деца ќе поднесе барање за виза на почетокот на август „Но тоа може да биде само почеток. Потоа е прашање колку уште ќе се чека или дали ќе бараат уште некој документ“.

На пример, сертификатот за познаванје на германскиот јазик, кој е обрзувачки, има рок на важење од една година. Што ако истече рокот затоа што се чекало на термин? Дали мора повторно да се полага на сопствен трошок?

Сепак во гласот на Милица сега се слуша оптимизам. Ја сподели добрата вест во групата на Фејсбук во која се нејзините сострадалници. Некои од нив беа залудени, некои лути. Велат дека тие уште подолго чекале од Милица а термин и натаму немаат.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми