1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како изгледа супермаркетот на иднината

Паул-Кристијан Бриц/ Ж. Ацеска20 мај 2015

Експо во Милано, меѓу другото, е посветен на супермаркетите на иднината. Времето на масовно произведени стоки е минато, сметаат во раководството на италијанската фирма Кооп. Тие нудат иновативни решенија.

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Откако интернет-трговците лиферуваат и прехранбени производи, супермаркетите мора да смислат некоја иновација. Посетителите на Експо во Милано можат одблиску да го доживеат т.н. супермаркет на иднината. Тој е опремен со сите технички финеси.

Се разбира, во супермаркетот на иднината мора да има роботи, барем додека тој е во тест-фаза.

„Експериментот функционира. Муштериите овде можат да купуваат, значи, применливо е. Но, ние шест месеци тестираме различни решенија за да одлучиме што на крајот ќе реализираме,“ вели директорот на синџирот сепермаркети Кооп, Марко Педрони.

Јадро на супермаркетот се дигиталните информативни табли. Тие му укажуваат на потрошувачот на одреден производ со детали на пример за калоричната вредност, содржењето алергенси или потеклото. Тоа добро се вклопува во концептот на Кооп. Фирмата нуди бројни производи од Италија и од ситни земјоделци. И покрај уделот од 18 проценти на пазарот, синџирот е во постојана потрага по нови деловни подрачја.

„Времето на масовно произведени стоки е минато. Мораме да се свртиме кон потребите на одделни муштерии, па и тие со помала заработувачка. И ним мора да им гарантираме пристап до добри и безбедни прехранбени продукти,“ истакнува Педрони.


Од тоа колку ќе чини користената техника, веројатно ќе зависи Кој ќе може да си го дозволи супермаркетот на иднината.

Трговците принудени на иновации

01:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми