Како Индија да се справи со тероризмот?
28 ноември 2008Тероритичките напади во Индија, кои најчесто се изведуваат од исламистички или сепаратистички побуди, се олицетворение на незадоволството на многуте малцинства кон моќната држава којашто е основана во 1947 година.
Последните напади во Бомбај, поради бруталноста и обемот се досега најстрашните кои се случиле во земјата. Трагите за тоа кој стои зад нападите во Ахмедабад и Бангалор во јули годинава, како и терористистичките акти кои се случија во главниот град Њу Делхи во септември, водат кон „Индиските муџахедини“.
Нов огранок на терористичката мрежа во Индија?
Одговорноста за последните напади во Бомбај ја презеде до сега непознатата група „Декан Муџахедини“. Професорот Рам Пунџијани, експерт за тероризам од Бомбај смета дека оваа група е нов огранок во исламистичката терористичка мрежа во Индија: „Вакви организации се појавуваат по секој напад. Организацијата „Декан Муџахедин“ е до сега непозната. Претходно стануваше збор за организација под името „Индиски муџахедини„. Тешко е да се зборува за начинот на којшто таа ќе делува. Многу малку се знае за нејзиното потекло. Но, сосема е можно да е поврзана со некоја поголема активна терористичка организација“ вели Пунџијани.
Се претпоставува дека „Декан Муџахедин“ е огранок на „Индиските муџахедини“ или е поврзана со неа. „Индиските муџахедини“ се група радикални исламистички муслимани кои во 2008 година произлегоа од забранетото „Студенстко исламско движење“ во Индија, СИМИ. Мрежата на ова забрането движење и денес во Индија важи како база за подготвување и изведување на напади.
Дали постои поврзаност со Ал Каеда?
„Индиските муџахедини“ исто како и „Студентското исламско движење“ идеолошки се блиски до исламското училиште на Деобанд - училиште кое на западот е познато како блиско до Талибанците. Поради тоа, индиската влада стравува дека „Индиските Муџахедини“ и „Студентското исламско движење“ соработуваат со терористичката организација Ал Каеда. Ваквите сомнежи само ги потврдуваат начинот на кој се изведуваат терористичките напади во Индија, нивната подготовка и логистика.
Исламските терористи во Индија можат сами да органзираат напади
Во 2007 година СИМИ основаше шест терористички кампови во индиската држава Гуајарат, во кои беа подготвувани нападите во Бангалор, Ахмедабад и Делхи. Во овие напади учествуваа над 60 активисти. Но, нападите во Бомбај донесоа едно алармантно сознание - исламските терористи во Индија се способни самостојно да организираат големи операции и без логистичка поддршка од надвор.
Овие напади пред се’ покажуваат дека исламистичкиот фунадментален тероризам во Индија повеќе не е проблем кој е увезен од надвор. Секако дека стариот „кадар“ сеуште има добри контакти со терористите од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, но новата генерација на исламисти е поинаква. Слично како во Германија и Велика Британија, новата генерација ја сочинуваат млади радикални муслимани кои се борат против државата иако се добро интегрирани во општеството.
Погрешна проценка на безбедносните сили?
Нападите во Бомбај беа неочекувани и за индиските безбедносни сили. Тие сметаа дека со апсењето на муфтијата Абу Башир, организаторот на нападите во Бангалор, Ахмедабад и Делхи, беше разнишана логистичката база на терористите. Но, очигледно дека се работи за погрешна проценка. Безбедносната ситуација во земјата останува влошена, теророт ја замре индиската финансиска метропола Бомбај, а со тоа и срцето на индиското стопанство.
Министерот за внатрешни работи Шиврај Патил е многу погоден од ситуацијата. „Изгледа дека станува збор за голем заговор. Секако дека се прашувате кој е осомничениот. Но, сега не е вистинско време да се даваат такви изјави и покрај тоа што имаме одредени насоки. Се надевам дека за скоро време ќе дознаеме што навистина се случува.“
Министерот Патил уште по претходните напади најави дека ќе се засилат мерките за внатрешна безбедност, но индиската влада се’уште нема изготвено ефективна национална стратегија за борба против внатрешниот тероризам. Експертите во земјата веќе подолго време бараат и да се основа управа за Антитероризам, потоа да се направи датотека со претстапници и терористи, и да се формира специјлана единица којашто ќе може да дејствува на целата територија. Овие мерки и се итно потребни на Индија.