Прочуениот фестивал на пивото во Минхен годинава не се одржува. Причината е јасна: коронавирусот. Но наместо да тагува поради Октоберфест, градот пробува нешто, од кое сите можат да профитираат и во иднина.
Реклама
Кристин го помина летото под палми, со стапалата во песок - и тоа среде Минхен, на ливадата на Тереза. Таму каде што инаку во средината на јули е големо градилиште, каде работниците со камионски приколки со кранови влечат огромни шатори и уреди за забавниот парк за Окоберфест. Десет недели поставување и градење, 2 недели забава и уште 5 недели собирање на сѐ и чистење.Но, ова лето сѐ беше поинаку.
Првпат по Втората светска војна нема да се одржи Октоберфест. Наместо тоа, жителите на Минхен годинава ја имаат ливадата, просторот на кој инаку се одржува Октоберфест, само за себе. Тоа се цели 42 хектари површина - тоа се како околку 60 фудбалски игралишта.
Во близината на песочната плажа студентите поставија шатор со столици и клупи. Од него одекнуваат хитови кои се свират и на Октоберфест. „Неодамна некои дури поставија и вистински базен“, раскажува Кристин. Оваа девојка живее во близината и доаѓа секој ден на вештачката плажа за да се сонча и да чита. „Секако штета е што нема да се одржи Октоберфест, но вака повеќе ми се допаѓа“, вели таа.
Загуба од 1,23 милијарди евра
Клеменс Баумгертнер, директор на Октоберфест и референт за економија на градот Минхен, вели дека загубата која ќе ја имаат градот, угостителите, сопствениците на забавни паркови, таксистите, хотелиерите, рестораните и продавниците за сувенири ќе изнесува околу 1,23 милијарди евра. Секоја година на Октоберфест се создаваат 13.000 привремени работни места и работат 500 фирми.
Но, Октоберфест за жителите на Минхен не е само економски фактор туку и главна туристичка атракција, која ја посетуваат околу 6 милиони луѓе кои во традиционални носии слават во колективно пијанство под шаторите, шетаат меѓу штандови и уживаат во забавен парк.
Како да си заминете од Октоберфест?
01:12
Наместо тоа, годинава во организација на градот се одржува манифестацијата „Лето во градот“. Со тоа сакале да помогнат на сите кои живеат од Октоберфест да ја пребродат кризата. На различни места во градот се поставени градини, штандови и пивници - секако, со придржување на правилата за хигиена и дистанца.
А угостителите имаат план за спасување на сезоната. Во периодот во кој требаше да се одржи Октоберфест, од 19 септември до 4 октомври, годинава ќе се приреди гостилнички фестивал. Така во саботата, сепак, традиционално е пробиено првото буре пиво, со што се отвора Октоберфест.
Враќање кон корените
Првиот Октоберфест е одржан 1810 година по повод кралската венчавка на Лудвиг од Баварија со неговата Тереза. Се славело во доцна летото во целиот град. Со денови на ливатата на Тереза се одржувале коњски трки, а навечер се сретнувале во гостилниците за да слават и да танцуваат.
Така би требало повторно и сега да биде. „Се работи за тоа да се покаже: уживајте во животот, веселете се заедно - тоа короната не го расипа“, вели Грегор Лемке, претставник на минхенските угостители.
Бидете во тренд на Октоберфест!
Повеќе милиони луѓе секоја година доаѓаат на Октоберфест во Минхен. Најголемиот светски фестивал нуди изобилство на пиво, храна и забава. ДВ ве советува како да бидете во тренд на оваа баварска прослава на пивото
Фотографија: picture-alliance/dpa
Народна носија
Дирндл и ледерхозен (кожни пантолони) се дел од германската народна носија познати ширум светот. Но, на Октоберфест традиционалните костуми не ги носат само Германците. Оваа група, на пример, ја сочинуваат посетители од Австралија, Австрија, Франција и Чешка.
Фотографија: DW/I. Moog
Дирндл во сите бои
За разлика од пред неколку години кога на носењето дирндл се гледаше со неодобрување, денес тој е обрзувачки дел од костумот. Можат да се најдат во сите бои, марки и стилови, а во продажба се на речиси секое ќоше, особено за време на фестивалот. Останува на вас да изберете кој најмногу ви одговара.
Фотографија: cc - Florian Schott
Шарени кецели
Можете да одберете традиционални, едноставни, црни или слични како овие на фотографијата. Важно е само да ги искомбинирате со шарена кецела.
Фотографија: Getty Images
Скап сувенир
Но, немојте да се залажувате затоа што Дирндл-от не е ефтин. Цените се движат од 80 евра па нагоре. Најскапиот Дирндл на светот е направен од свила и украсен е со кристали на Сваровски, а чини астрономски 100 илјади евра. Овој луксузен Дирндл го дизајнираше Лола Палтингер.
Фотографија: Getty Images
Во африкански стил
Оваа народна носија може да биде во типичен германски стил, но некои дизајнери и дадоа и меѓународен карактер. Компанијата „Нох Не“ од Минхен произведува Дирндл од африкански материјали.
Фотографија: Dirndl à l´Africaine
Мали тајни под фустанот
Откако сте одбрале Дирндл, на ред е она што се наоѓа под фустанот. Продавниците за долна облека во текот на Октоберфест нудат специјални градници за Дирндл со кои го обезбедуваат деколтето по кое Дирндл е славен.
Фотографија: dapd
Кожни пантолони за мажи
Но, не се само дамите тие кои се дотеруваат за Октоберфест. Типичните баварски кожени пантолони за мажи се голем хит- не само во Баварија, туку и во цела Германија. Во бутиците ширум Германија- а понекогаш и надвор од неа- можете да пронајдете цели оддели со Дирндл и ледерхозен.
Фотографија: Fotolia/XtravaganT
Модни детали
Модните детали се неопходни и за кожените пантолони, како и за Дирндл. Типичните додатоци се ткн. каривари кои се закачуваат за пантолоните. Тоа се ланци на кои се закачени различни приврзоци, како парички, животински заби, рогови или други ловечки трофеи.
Фотографија: Fotolia/WoGi
Статусни симболи на главата
На Октоберфест не е важно каков автомобил возите, кој има поскапа вила или поскапа јахта. За вашиот статус говори „гамсбарт“ кој го носите на глава. Тоа е прамен кој се носи како украс на шеширот. Колку е поголем гамсбартот, поголема е почитта која ја добивате.
Фотографија: DW
Баварски пионери
Дури и најмладите посетители на Октоберфест се обидуваат да имаат адекватен костум. Децата исто така учествуваат во традиционалната парада која е дел од секој Октоберфест.
Фотографија: picture-alliance/dpa
И секако- пиво!
Но немојте поради разговорите за модата да ја заборавите главната причина поради која се доаѓа на Октоберфест- уживање во одличното пиво. Како што велат Германците- Прост! На здравје!
Фотографија: picture-alliance/dpa
11 фотографии1 | 11
Иако некои стручњаци предупредуваа дека не треба да се повикува на оваа „лајт-верзија“ на Октоберфест, во неа учествуваат 54 гостилници, како оние во градот, така и оние кои инаку работат на Октоберфест. Се точи традицинално пиво, се послужува печено пилешко и свински коленици. Свират оркестри кои инаку настапуваат на Октоберфест, а гостите се повикани да облечат традиционална баварска носија.
Лемке и неговите колеги претпоставуваат дека поради короната главно ќе доаѓаат посетители од Минхен и од околината. Значи, публиката нема да биде интернационална и ќе биде помалку раскалашено отколку во шаторите на Октоберфест со нови 10.000 места. Угостителите ќе мораат да се придржуваат до правилата за хигиена и за дистанца. Организаторите размислуваат вакво славење, како и „Лето во градот“ да повторат и наредната година. Сепак, се надеваат дека тогаш ќе се одржи и вистинскиот Октоберфест.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.