1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како натаму кон Србија?

29 април 2008

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Луксембург ќе разговараат за две теми: односите со Србија и исто така, односите со Русија. Што може да се очекува?

Дали во Србија ќе победи опцијата „ЕУ? Не благодарам!„Фотографија: AP

Српскиот министер за надвоешни работи Вук Јеремиќ смета дека парламентарните избори во неговата змеја на 11 мај претставуваат политичка крстосница. Тој е убеден дека ќе биде потврден курсот на владата:

„Курсот е насочен кон мир, региоанлно помирување и пред се кон Европа„.

Министрите за надворешни работи на Европската унија не се толку сигурни. Според актуелните анкети, национал-конзервативците и ултра-конзервативците би можеле да победат на изборите и да ја исфрлат од трката Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ. Тоа, страхуваат во Унијата, би водело кон непредвидливи конфликти на Косово, а Србија би ја оддалечило од Европа во насока на Русија. Затоа министрите денеска во Луксембург повторно ќе ги разгледаат можностите како да ги засилат про-западните сили, без притоа да направат премногу отстапки за Србија. Унијата имено, е многу незадоволна од тоа колку лошо соработува владата со хашкиот трибунал. Кон крајот на март министерот Јеремиќ вети дека наскоро ќе биде испорачан, како воен злосторник бараниот генерал Ратко Младиќ. Оттогаш не се случи ништо. За владите на Холандија и Белгија досега тоа беше причината да блокираат важни договори со Србија. Сега меѓутоа, под притисокот на изборите во мај, се најавува придвижување. Холанѓаните сакаат да им покажат на Србите дека вратата кон Европа е отворена, но се уште не соопштуваат како би требало да изгледа тој гест. Веројатно обете земји се подготвени по изборите да биде потпишан договорот за стабилизација и асоцијација со Србија. Дали некогаш ќе стапи на сила, зависи од успехот во потрагата по воените злосторници. Договорот би бил првиот чекор кон членство во Европската унија. Тој курс го следи и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер:

„И покрај различните проценки што во моментов не делат во однос на Косово, останува нашиот интерес да ја задржиме Србија на европскиот пат. Меѓутоа, тоа не може да зависи само од европските одлуки, туку и од волјата на мнозинството во Србија што ќе дојде до израз на изборите, а секако и од готовноста на владата„.

Меѓу конфликтните теми денеска ќе се разговара и за односите со Русија. Од пред две години Унијата без успех се обидува да постигне нов договор за партнерство со Москва, но тоа не успеваше пред се поради отпорот на Полска и сега на Литванија. Денеска ќе биде направен нов обид да се постигне договор за мандат за преговори со Русија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми