1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како натаму на Косово?

Панајотис Купаранис29 ноември 2007

Околу ова прашање во Берлинскиот институт за политички науки “Hertie School of Governance“ се одржа експертска расправа.

По кој пат да се тргне?Фотографија: Bilderbox

На собирот всушност требаше да биде претставена една студија на научници од ЈИЕ околу европската перспектива на Западен Балкан. Нејзината тема е приближувањето на државите од регионот - Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија, кон ЕУ, притоа земајќи предвид, оправдано, дека земјите можат да сметаат со членство најрано за десет години.

Неуспехот на преговорите меѓу Србите и Косоварите и евентуалното прогласување независност на Косово во наредните недели, ја компликува ситуацијата уште повеќе. Што ќе се случи, ако Србија ја затвори границата кон Косово или доколку го анектира северниот дел на Косово, населен претежно со Срби? Како ќе се однесува ЕУ доколку Русија во Советот за безбедност на ОН блокира решавање на косовското прашање, и доколку и натаму остане во сила посетоечката Резолуција 1244? Дали ЕУ, како што и е намерата, ќе испрати мисија на Косово која ќе ги замени силитена ОН, КФОР? Да, вели британскиот експерт за Балканот, Тим Џуда, и развива вакво сценарио: “Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ќе соопшти дека мисијата на ОН е завршена. Истовремено, ќе ја поздрави мисијата на ЕУ, која ќе добие покана од косовската влада. И, сето тоа, и покрај тоа што на сила би останала резолуцијата 1244. Но, има толку многу резолуции за толку многу прашања што се во сила. 1244 тогаш ќе им се приклучи како резолуција на минатото.“

Резолуцијата 1244 во пензија?

Мисијата на ЕУ на Косово, според мислењето на експертите би останала таму неопределено време. Таа ќе добие конкретен лик откако независноста на Косово би ја признале дел од државите. Но, мора да се смета со тоа дека новата држава Косово нема да биде примена во ОН, зашто за такво нешто Советот за безбедност ќе мора да ја укине Резолуцијата 1244. Со такво нешто нема да се согласат ниту Русија, ни Кина. Поради тие причини, според Вим ван Моерс, од Центарот за применети политички истражувања во Минхен, меѓународниот статус на Косово ќе биде еднаков на статусот на Тајван. “Тајван веќе 50 години живее многу добро за тој начин - живее како независна држава, која не е призната од сите, односно не е призната речиси од никој. Значи, таков еден статус на не сосема расчистена и јасна независност нема да биде нов во светската историја.“

Косово и влијанието во регионот

На дебатата се говореше многу дека независноста на Косово може да има влијание и врз другите држави, во кои има тензии со малцинствата. Се претпоставува дека ним косовскиот пример може да им послужи како пример за да прогласат независност. Тоа особено се однесува на Србија, Босна и Херцеговина и на Албанците во Македонија. Околу ова, македонскиот економски експерт, кој работи во Виена, професор Владимир Глигоров, вели: “Не верувам дека ќе дојде до отцепување, но големото албанско малцинство, сепак, е проблем за Македонија. Кога независноста на Косово не би била поврзана со конфликти и тензии, тогаш тоа за Македонија би било позитивно. Ниту во Босна и Херцеговина, ни во Република Српска, независноста на Косово нема да биде многу популарна. Не верувам дека Република Српска би се одвоила со Босна и Херцеговина, но разбирањето и соработката во иднина таму би биле потешки. Сепак, земјата нема да се распадне.“


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми