Воздушни транспорти и медицинска помош: НАТО во моментов се гледа себеси во нова улога како помагач во кризата предизвикана од новиот коронавирус. Досега невидена цивилна задача за воената Алијанса.
Реклама
„Солидарноста на НАТО во моментов е многу потребна“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Тој и неговите колеги за прв пат одржаа виртуелна средба на НАТО - преку безбедна врска, како што беше нагласено. За првпат на заедничката „виртуелна маса“ беше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, како претставник на најновата 30-та членка на Алијансата.
Цивилната тема на справувањето со кризи беше во фокусот на дискусиите. „НАТО може да се прилагоди на околностите на кризата со Ковид-19“, ветува генералниот секретар Јенс Столтенберг. Толку големо единство одамна немало.
Воздушен транспорт и медицинска опрема
„НАТО е основан за да се справува со кризи“, ја објасни Столтенберг новооткриената додадена вредност на воениот сојуз. Затоа од главниот командант на Алијансата во Европа, Тод Волтерс, беше побарано да ги координира новите понуди за помош, да открие кои уште кои способности на НАТО може да се користат и да го забрза доставувањето на помош.
НАТО веќе прима многу барања, на пример од Шпанија, Италија, Црна Гора, Украина, Молдавија и други, наведуваат извори во Алијансата. Во прв ред станува збор за воздушен транспорт - на пример, Романија користела транспортер на трупи за да пренесе медицински материјал од Јужна Кореја и од Кина. Во време кога цивилното воздухопловство не функционира, НАТО може да помогне - главно затоа што располага со авиони со големи транспортни можности. На пример, еден турски транспортен авион пренесол сериозно болни луѓе од Италија во Турција. Во ограничена мерка, членките на НАТО, исто така, располагаат и со медицинска опрема, која може да биде ставена на располагање, се вели во Брисел. Генералот Волтерс сега треба да провери дали некаде има неискористени ресурси.
Со години во Алијансата се разговара за тоа како да се подобри отпорноста на кризи, истакна Јенс Столтенберг. Корона-кризата сега е цивилна задача во размери какви што досега немало.Од ова мора да се извлечат поуки за во иднина за тоа како Алијансата уште подобро и побрзо да се координира и оптимално да ги искористи постојните можности, рече генералниот секретар на НАТО. Уште кон средината на април, министрите за одбрана на НАТО сакаат да ги проценат досегашните успесите и можностите за подобрување во борбата против Ковид-19.
Нова пропагандна војна
Во последните неколку недели стана јасно дека Русија и Кина ја користат глобалната криза со коронавирусот за еден вид пропагандна кампања кон Западот. „Во принцип, треба да биде поздравено кога земјите си помагаат едни на други, но и ние исто така испративме помош за Вухан“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Она од што тој предупредува, меѓутоа, и за што во НАТО треба да се размислува е она „кога земјите ја искористат ситуацијата пропагандно, за да се претстават во подобро светло“.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Ова е насочено кон делумно неупотребливите испораки на помош од Кина и од Русија кои пристигнаа во Шпанија или Италија. И ако држави водат кампањи за дезинформации, ним треба да им се спротистават факти, рече германскиот министер за надворешни работи. Сепак, јасно е дека многумина во Алијансата стравуваат дека во изминатите недели во геостратешка смисла теренот им беше препуштен на Русија и на Кина.
Поранешниот американски командант на силите на НАТО во Европа, генералот Бен Хоџис, јасно го формулираше тоа: на тоа треба да се гледа како на натпревар во просторот за информации. „И Кинезите и Русите - со овие смешни тврдења дека се грижат за Италија -’ помагаат ’ така што испраќаат единица за хемиска деконтаминација. Каква шега!“ Но, тоа секаде беше голема вест и на тој начин тие се во предност. Сега се гледа, на пример, во Европската унија, што навистина се прави. Испораки со палети со опрема и неупотребливи маски што треба да се вратат назад. „Но, тие гледаат на тоа како на информациски натпревар а ние не. Мораме да бидеме поактивни на тоа поле“, вели генералот, рефлектирајќи го со тоа размислувањето на многу сојузници во НАТО.
Коронавирус: Кои залихи ви се потребни во кризни ситуации
Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.
Фотографија: Reuters/V. West
Подгответе се за криза
Германската влада во 2016 година изработи нов план за цивилна заштита со листа на неопходни производи кои во меѓувреме се ажурирани. Германците добија препорака да направат залихи на храна за 10 дена и питка вода за пет дена. Идејата е луѓето да имаат се што им е потребно, вклучително готовина и лекови, за да ја надминат кризната состојба.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Доволно течности
Листата со препораки опфаќа и список на залихи за период од 14 дена. Најважната работа на листата е водата- 28 литри по човек за период од 14 дена, или два литри дневно. Луѓето можат да преживеат неколку недели без храна, но без течности само четири дена.
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE
Потребни залихи
Германското министерство нуди и онлајн „калкулатор“ со кој можете да пресметате каква храна да имате во резерва. Се препорачуваат 4,9 килограми ориз, леб и тестенини по човек за две недели. Потоа, 5,6 килограми зеленчук по човек, по 3,7 килограми млечни производи, овошје и јатки, и 2 килограми риба и месо. Водете сметка храната да трае и без ладење. По избор, снабдете се и со масло, шекер и сол.
Фотографија: Markus Mainka - Fotolia
Хигиената е витална
Иако храната и водата се клучни во вакви ситуации, хигиената е исто толку важна за превенција од болести. Имајте на располагање доволно сапун, детергент, паста за заби, влажни марамчиња, кеси за смет и тоалетна хартија.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Лекови
Се препорачува да имате снабдено медицинско шкафче доколку се случи да не бидете во состојба да отидете до аптека или болница. Меѓудругото, тоа предвидува комплет за прва помош, неопходни лекови на рецепт, лекови за настинка, против болка, анти-диареа лекови и електролити, како и термометар и средство за дезинфекција.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel
Доколку снема струја
Не е честа појава, но може да се случи да снема струја на неколку часа или на подолго. Тоа значи дека ќе нема светлина, мобилни телефони и греење. За да се подготвите за таква евентуалност, чувајте во резерва батериска светилка и свеќи, како и кибрит или запалка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Badawi
Торба за итни ситуации
Создавањето залихи претпоставува дека мора да останете во домот, но некоја кризна ситуација може да ве натера и итно да заминете. Затоа е мудро да се има подготвена патна торба. Германската влада советува во неа да сместите: комплет за прва помош, храна за два дена, најважни лични документи, шише вода, вреќа за спиење, неопходна гардероба и дел од нештата кои беа наведени во претходната листа.