1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Staatsangehörigkeit

15 ноември 2011

Повеќе од сто илјади луѓе во 2010 година примиле германско државјанство. Како се станува Германец и кој е тоа од раѓање? Кои се правилата и условите за добивање германски пасош?

Deutscher Reisepass
Фотографија: fotolia/somenski

Во Германија во принцип важи принципот на државјанство според потеклото - оној кој има мајка или татко со германско државјанство, е автоматски Германец. Ако вториот родител има друго државјанство, детето може да ги добие двете државјанства и не мора да се откажува од ниедно.

Но, покрај овој, од 2000-та година важи и принципот на раѓање - оној кој е роден во Германија, иако двајцата родители не се Германци, е Германец, ако исполнува одредени услови. Но, ако тој го примил странското државјанство на родителите, на 18-годишна возраст мора да одлучи кое државјанство ќе го задржи, тоа е т.н. опционален модел.

Апликантите стојат пред многу пречкиФотографија: AP

Комплицирана постапка за државјанство

За да се стане Германец, може да се побара германско државјанство, а тоа не е толку лесно.

По еден доброволен, но корисен советодавен разговор во Службата за странци во надлежната општина мора да се поднесе барање. За оној кој нема полни 16 години, барање доставуваат неговите родители. Постапката не е многу евтина - чини 255 евра.

Освен тоа, мора да бидат исполнети редица важни предуслови: првата, откажување од претходното државјанство. Освен тоа, треба да се докаже доволното познавање на германскиот јазик. Барателот треба да го познава правниот и општествениот систем на земјата. Тоа се проверува преку тест за државјанство, во кој од 33 прашања од религијата, правниот поредок и општествените прилики мора точно да бидат одговорени најмалку 17.

Тест за добивање државјанствоФотографија: DW

Правила и исклучоци

Во посебни прилики германско државјанство може да се добие ако тоа по оценка на властите е од јавен интерес, како кај врвни спортисти, но и кај бегалци. Олеснување при добивањето државјанство по оценка на надлежните власти е можно и кај граѓаните од ЕУ, блиските на оние кои бараат државјанство, брачните другари на Германците или постари баратели на државјанство.

Но, каталогот предуслови е прилично долг: барателот на германско државјанство треба да поседува дозвола за траен престој и пред поднесувањето на барањето да живеел најмалку осум години во земјата. Тој треба да има обезбедена егзистенција. Во посебни случаи е дозволено примање државна помош, на пример, ако некој останал без работа не по негова вина, односно поради затворање на работното место, ако има мали деца или е во процес на професионална обука. Апликантот за германско државјанство не смее да бил кривично казнуван и мора да се изјасни за прифаќање на слободарскиот демократски уставен поредок.

Двојно државјанство само во посебни случаи

Во посебни услови, и покрај споментаиот опционален модел, кој дозволува задржување само на едното од двете државјанства, можно е и двојно државјанство. Него можат да го добијат граѓаните на другите ЕУ-држави, што е генерално регулирано со меѓусебен договор. Исто така и државјаните на земјите каде не е дозволено откажување од државјанството, како Иран или Мароко, смеат да ги задржат двата пасоши. Повеќе од половината од над сто илјади луѓе, кои во Германија во 2010 година добиле германско државјанство, покрај новото, го задржале и старото државјанство, соопштува службата за статистика.

Автор: Дафне Гратфол/ Ж.Ацеска

Редактор: А.Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми